Ознака: охридското

fist

Добра година за охридското теквондо

Post Views: 16 Зад Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид е  уште една успешна година, во која спортистите од овој клуб уште еднаш докажаа дека трудот кој го вложуваат во салата и надвор од неа се исплатува и дека резултатите се се` поголеми од година во година. Членовите на клубот учествуваа и на 19-то светското Теквондо првенство за сениори, кое се одржа во Пловдив, Бугарија, а каде Македонија имаше своја репрезентација чиј дел беа и двајва членови на клубот од Охрид, Климент Грозданоски и Борче Јованоски, двајцата со црни појас 1 дан. Најдобрите спортисти на „Hwarang FIST“ беа...

Continue reading

Повторно горат трските на брегот од Охридското Езеро

Post Views: 6 Повторно горат трските во Охридското Езеро на струшкото крајбрежје. Пред само неколку дена на потегот помеѓу Струга и селото Калишта имаше пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што беше опожарена трска со површина од околу 10.000 квадратни метри, сопственост на државата. На опожарените места подоцна никнуваат плажи, угостителски објекти, хотелски комплекси или обработливо земјоделско земјиште. Трската е важен дел од природниот екосистем. Таа е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето на Охридското Езеро, како што се многуте безрбетници,...

Continue reading

Од Охридското езеро е извадена артилериска граната од Првата Светска војна

Post Views: 3 Вчераутро околу 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки, информираат од  Дирекцијата за заштита и спасување. Ангажиран беше нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски тим лидер на тимот за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна. Во акцијата учествуваше и пиротехничар со долгогодишно искуство и ангажман...

Continue reading

Преку јапонски искуства до соодветна заштита на Охридското Езеро

Post Views: 2 Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти. Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана. Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо...

Continue reading

Зголемен водостојот на Охридското езеро за еден сантиметар

Post Views: 3 За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот...

Continue reading

УХМР предупредува за нивото на Охридското езеро

Post Views: 0 Од УХМР со предупредување за нивото на Охридското Езеро. Во изминатиов период водостојот на Охридското езеро бележи доста низок водостој, така што постојано се доближуваше до минимално дозволената кота од 693,10 метри надморска висина. Според денешните мерења нивото на Охридското езеро се наоѓа на дозволениот минимум. Од УХМР предупредуваат дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот, ќе биде нарушено нормалното функционирање на целиот биодирезитет во него. Алармираат на потребата од внимателно следење на состојбата со Охридското Езеро во наредниот пе...

Continue reading

Снежни лудории во охридското село Куратица

Post Views: 5 Снегот донесе радост во охридско Куратица.  Утре и задутре после долги години повторно ќе се организираат снежните зимски лудории. На наврнатите педесет сантиметри снег во атарот на селото ќе има деноноќно санкање, скијање, возење со моторни санки. Патиштата до селото се проодни ,покрај жителите на Куратица и околните села се оечкуваат и гости од Охрид. „Снегот ни донесе позитивни реакции, така да после осум години еве  органзиираме една снежна авантура на една полјана ќе  има лизгање, скијање со сите реквизити, санки, вреќиња со слама, гуми скии тоа е една забава која...

Continue reading

Охридското основно училиште ,,Григор Прличев “ е назначено за Амбасадор училиште

Post Views: 11 ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид е назначено за Амбасадор училиште на Erazmus + програмата за просоцијално учење. Иван Маховска Шикалеска, директор на училиштето, вели дека е привелегија да се биде амбасадор училиште со проект кој има европски вредности. Сега имаат можност да се вклучат во проектот ,,Rоbotics versus BullYing“, со кој учениците ќе бидат насочени да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и со тимска работа кои се клучни во животот на секое дете. „Тоа би значело за учениците дека проектот се насочува кон имплементација...

Continue reading

4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 1 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати. Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Градоначалникот Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје

Post Views: 13 Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје. Тие ќе се вметнат во урбанистичкиот план и ќе се издават под концесија. Плажите ќе се издаваат врз база на јавно наддавање, ќе бидат во согласност со препораките на УНЕСКО, изградени од природни материјали кои не прават штета врз животната средина. На половина ќе има објекти шанкови, лежалки и други реквзити, а останатите 50% ќе бидат слободни за граѓаните. Имaше и јавен повик по однос на тоа како треба да изгледаат меѓутоа суштината е екологијата како број еден и сите оние теми поврзани со заштита на животна...

Continue reading

Отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни

Post Views: 3 Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава...

Continue reading

Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро

Post Views: 0 Рибокрадците не мируваат, само од почетокот нагодинава до денес запленети се 34 разновиден рибарски алат и мрежи во должина од 1800 метри со 150 парчиња охридска риба. Со децении се изловуваат само три видови риби, пастрмка, белвица и крап. Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро Со истребувањето на ендемичната пастрмка која е предатор се зголемува популацијата на плашицата,што никој не ја изловува од комерцијален аспект, поради ниската цена. „Години наназад на пазарот за разллика од порано кога се нудеа десет видови риби денессе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top