Органска закана за Охридското езеро

Домашните и странските експерти, ќе го спасуваат Охридското езеро од органското загадување.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohridsko ezero
Охридско езеро

Домашните и странските експерти, ќе го спасуваат Охридското езеро од органското загадување.

Ohridsko ezeroЌе се обидат да ја зачувуваата ендемичната фауна и флора во езерото и да и помогнат на природата сама да се избори со наметнатото зголемено нутриентно оптертување, кое е резултат на голобалните климатски промени.Нутриентото оптеретување  се заканува да го уништи живиот свет во Охридското езеро. На семинарот кој се одржа во ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид, се одржа семинар на кој стана збор за биолошката продуктивност  на едно езеро кое особено зависи од хидродинамичкиот транспорт и мешањето на нутриентите во водениот столб. Професорот за инженеринг за заштита на животна средина при Универзитетот од Западна Австралија (UWA), проф. Јорг Имбергер, информира дека најголемата опасност од нутритиентно оптеретување за нашето езеро доаѓа од Преспанското езеро.
Професорот Имбергер потенцира, дека нашето езеро не е единственото  кое се среќава со овој проблем.  Тој објасна дека глобалните климатски прмени во наредниве 10-20 години ќе придонесат најдлабокиот воден појас од езерото, кој е речиси без кислород да остане неподвижен на самото негово дно. Инициран од само една екстремно ладна зима, истиот би можел да излезе на површината и да ја уништи флората и фауната во целото езеро. Но професорот Имбергер оптимист во изнаоѓање решение за овој проблем. Верува дека солуција е можна. За да го објасни овој концепт, професорот Јорг Имбергер  ќе ги користи скорешните резултати од научните истражувања. Потоа ќе даде краток преглед на предностите на езерските модерни контролни системи во реално време и ќе ги демонстрира како истите можат да бидат применети во очувување на ендемичниот жив свет на Охридскот Езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top