Подморници во Охридското Езеро

Сезонава завршија преговорите за набавка на подводни уреди. Хидробиолошки Завод ќе набави мини подморница за научно истражувачки цели.

 |  Билјана Николовска  | 

Хотелиерите пак, влегуваат во заедничка проекција за набавка на класична подморница, која би била во интерес на туризмот.
Мини подморница за научно истражувачки цели. Охридското Езеро во целост не е испитано. Според научните работници од Хидробиолошки завод, езерото, сеуште има неиспитани длабочини кои кријат нови податоци за многу работи. Затоа, оваа институција, во рамките на тендерот за набавка на опрема на институции и факултети, кој неодамна го распишала Владата на Р. Македонија, го ставила и овој уред. Раководителот на одделението за практично рибарство Спиркоски, вели дека мини подморницата би била од големо значење не само од научно истражувачки карактер, туку и општо за потребите поврзани за заводот.

Кога нема нема, но кога има никогаш не е доста. Набавка на подморница во Охридското езеро е дел од заедничката проекција на хотелиерите на ниво на општина Охрид. Тие оваа идеа комплетно ја поддржуваат, посебно од аспект на нејзината примена во туризмот. Таа би била добредојдена за прошетка на туристите низ подводниот свет на Охридското Езеро. Веќе се остварени и конкретни средби со понудувачот на подморницата, велат претставниците на хотелите.
Уредот за потребите на Хидробиолошки завод, на почеток би било инвестиција од некаде околу 100.000 долари, додека пак подморницата што треба да ја набават хотелиерите, е многу голема инвестиција неиздржлива за еден хотел, велат одговорните. Веруваме дека со најновите подводни уреди, наредната сезона, Охридското езеро ќе нуди ретки сензационални можности, досега недоживеани на ова тло.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top