Финално чистење на езеро од неексплодирани убојни средства

Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од  водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна.

 |  Татјана Маленкова  | 
nurkaci
нуркачи

nurkaciПродолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од  водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна.

„И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани, и пристаништето“, вели директор на дирекција за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Со цел целосно чистење на езерото од неексплодираните убојни средства годинава ќе се применат нови методи – детектори кои ќе го детектираат металот закопан во муљот на поголеми длабочини.

„ Годинава многу ќе помогнат детекторите, со кои ќе ги откриеме местата каде што има неексплодирани убојни средства.  Покрај нив годинава на располагање имаме и пумпа, така наречена смикалка, со која ќе ја шмукаме муљта, за полесно да дојдеме до неексплодираните убојни средства. Просторот визулено го поминавме, сега ќе го обележуваме“, вели нуркачот, Милутин Секуловски.

Доколку акцијата заврши порано од предвидените 30 дена, од дирекцијата најавуваат дека тимот ќе се премести во Калишта и акцијата ќе продолжи таму, се со цел езерото комплетно да се исчисти.

„Покрај дирекцијата за заштита и спасување во проктот учествуваат и нуркачи и пиротехничари. Извадените неексплодирани убијни средства ќе се транспортираат во близина на касарната, а оттука на специјални неста во Кичево, каде пиротехничарите ќе извршат деминирање на убојните средства“, вели Салиу.

Донатори на проектот за чистење на езерото од неексплодирани убојни средства се САД. Тој е изработен од дирекцијата за заштита и спасување во соработка со организацијата која работи на деминирање на убојни средства – АЈТИЕФ од Словенија.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top