Одбележана двегодишнината од бродската несреќа

Со панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи.

 |  Татјана Маленкова  | 
spomenik
споменик

odbelezana godishninaСо панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи.

Пред спомен одбележјето на градскиот кеј, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид и амбасада на Р. Бугарија.

„ И следните години ние на 5 ти септември ќе доаѓаме тука. Многу сме и благодарни на општина Охрид што го поставија и го одржуваат ова спомен одбележје, за да не се заборави, затоа што ова е една огромна трагедија која не прави поблиски. Ние доаѓаме тука по трет пат. Бев тука на 5 ти септември пред две години, јас бев првиот човек кој што дојде од Скопје, бев и минатата година, сега сум повторно тука и ќе доаѓам и во иднина“, истакна в.д амбасадор на Бугарија, Анѓел Анѓелов.

odbelezana godishnina-brodska-nesreka

„На градскиот кеј поставивме скромен споменик за да го паметиме овој настан и кој секогаш ќе не потсетува на нашите одговорности во целата таа работа“, истакна градоначалникот Александар Петрески. Тој додаде дека искрено жали што и после несреќата сеуште не е воведен ред во езерскиот сообраќај.

„ Секако покрај изгубените животи што најмногу не погоди ќе треба уште години да ги надминиме и другите настани кои следеа како последица на тоа. Ние како локална самоуправа даваме се од себе за колку толку болката да им ја ублажиме на роднините на пријателите и секако овој настан ние секогаш ќе ги паметиме“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Судскиот процес за бродската несреќа заврши во јули годинава. Казна затвор од по една година добија капетанот на бродот Илинден – Сотир Филески и инспекторот од германската “Лојд,  – Бранко Баиќ.
Семејствата на загинатите и преживеаните најавија дека во посебна парница ќе бараат одговорност и оштета од државата, која според нив имала најголема вина за несреќата.
{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top