Ќе дојде ли светската кајакарска елита во Охрид?

За помалку од еден месец треба да биде реализирана идејата за одржување на кајак маратон во водите на Охридското езеро. Финансиите, повторно најголемиот проблем.

 |  Крсте Голабовски  | 
kajak
kajak

curkoskiЌе ги видиме ли најдобрите евроски и светски кајакари во водите на Охридското езеро? Иницирано од минатогодишниот спортски подвиг кога Ристе Чуркоски со својок кајак го заобиколи Охридското езеро, се роди идејата за организација на кајак маратон во водите на езерото. Но, до реализација на првичниот проект од минатата година не дојде, а за тоа секако најголема причина е проблемот со обезбедување финансиски средства. Ристе Чуркоски пак, кој е и претседател на О.О на маратонот вели дека од намерата не се откажуваат. Иако со мало задоцнување, кајак маратон ќе има.

Оваа година одлучивме ние кои сме во организационот одбор, да го организираме на мускули како ќе биде така, награден фонд најверојатно нема да има со скромни сувенири и медали и пехари ако успееме да обезбедиме за првите тројца, тоа ќе биде доволно за почеток и за првиот промотивен маратон на Охридското езеро, еве еден апел до сите заинтересирани,а очекувам најмногу помош од сите кои се занимаваат со туризам, зошто со еден ваков настен не само што ќе се продолжи туристичката сезона, туку ќе привлечеме спортисти од целиот свет,“ Вели Чуркоски.

curkoskiОва ќе биде и своевидна промоција на природните услови со кои располага нашиот регион, кои кајакарите од светски калибар би можеле да ги користат за нивни подготовки како олимписки циклуси или светски првенства. Но комуникацијата со градските татковци на Охрид и Струга, не оди толку лесно. Чуркоски потенцира дека кога станува збор за обезбедување финансии, комуникацијата со градоначалникот на Поградец е најлесна. Тој се надева дека преговорите со Агенцијата за млади и спорт барем ќе вродат со плод.

Со Агенцијата за млади и спорт се остварени контакти преку дописи, пуштен е проектот, одговор немаме писмен, начелно, за 2-3 години кога маратонот ќе прераснел во традиционален тогаш ќе се вклучеле во некаков аранжман. Но се надевам дека оваа година претседателот Лазе Попоски, ќе оставри контакт лично со директорот и ќе го убеди дека овој настан треба да биде подржан од Агенцијата за млади и спорт“, потенцира Чуркоски.

Што се однесува до финасиите потребни, Чуркоски вели дека не станува збор за многу големи износи, туку дека тоа се скромни средства, но за да се привлечи спортска елита од кајакот, во идните години ќе треба да се обезбеди и добар награден фонд, додава тој. Првото издание на маратонот ќе се весла по истата маршрута по која Чурксоки минатата година го помина езерото. Останува правото на организаторите да ја менуваат маршрутата во зависност од временските услови. Чуркоски вели дека технички е изводливо и се надеваме дека ќе имаме мирно езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top