Post Views: 5
Денес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското...
Post Views: 0
Македонија сеуште тагува по својот прв претседател, меѓутоа тоа не е така во далечната Австралија. Нашите македонски гастербајтери со песна и ора ја дочекале тажната вест. И пред да помислите дека се работи за некоја невкусна шега, побарајте ја веб страната www.informator.wsОва е австралиска веб страна основана од Македонци, на која, благо речено излезе скандалозен текст по повод смртта на Киро Глигоров. Во овој текст авторот кој немал храброст да го стави својот потпис, починатиот претседател го споредува со диктаторите од ковот на Моамер Гадафи, Ким Јонг Ил, како...
Post Views: 0
Свечено пуштен во употреба нов наплатен центар на МЈП „Проаква“, во Струга. Овој чин поздравен од раководниот тим на ова претпријатие, како и од двајцата градоначалници на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. Но денес исто така во употреба беше пуштен и новиот објект кај пречестителната станица во село Враништа, струшко поточно дел од проектот „ Рехабилитација на пумпните станици Охрид – исток“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека кога се сака се се може и ова е уште еден доказ дека општините Охрид и Струга можат сами и без помош...
Post Views: 18
Обид да се надминат религиските и етнички предрасуди. „Единство во Различноста“ е само прва од циклусот јавни дебати, кои до крајот на годинава ќе се одржуваат во Струга. Целта на дебатите е зајакнување на довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи во општина Струга. Еден од учесниците на дебатата Проф. Д-р. Отец Стефан Санџакоски кажа дека, сеуште живееме затворени во своите дворови и гледаме кон надворешниот свет низ клучалките. Санџакоски додаде дека ни ИВЗ и МПЦ досега не се состанале на ниту едно ниво, и меѓу нив дијалог речиси и да...
Post Views: 8
Државава се соочува со сериозни проблеми во затворските установи. Најголемиот проблем лежи во затворот Идризово каде постојат минимум човечки услови за третман на затворениците. И корупцијата во затворите е голем проблем, велат добрите познавачи на приликите во овие поправно казнени установи. Во Охрид се одржува конференција на тема „Мониторинг во затворените институции во Македонија“ која ја организира хелсиншкиот комитет заедно со бугарскиот хелсиншки комитет. Претставникот на Хелсиншкиот комитет Христо Ивановски рече дека денес е добра прилика невладиниот сектор...
Post Views: 29
Гнасен и нехуман чин на рибократците. Овој пат на мета е јагулата. Веќе три дена како таа во Струга се лови на несоодветен начин и тоа на неколку локации по течението на реката Дрим. Силниот јужен ветер кој три дена дува и предизвика силен бран во езерото, беше причината дел од оваа риба да тргне во потрага по храна, а дел на своето свадбено патување во Сарагасово море. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ Радован Димитриевски, вели дека станува збор за гнасен и нехуман чин, кој се повторува секоја година и кој мора да се спречи.
„Голем дел од јагулата влезе во...
Post Views: 1
Џамијата во Горна Белица за едни дивоградба, за други легална. Тоа што е сигурно е тоа дека овој предмет е главна причина што на градоначлникот на Струга, државниот инспекторат за градежништво му ги одзеде ингеренциите во сферата на урбанизмот и градежништвото.
„Министерството за транспорт и врски, односно, државниот инспекторат за градежништво, во многу општини ги одзеде ингеренциите од сферата на урбанизмот, не само во Струга. Ги одзеде секаде каде утврди дека не се постапува согласно законот.
Добро е градоначалниците да си ги исполнуваат обврските согласно законот,...
Post Views: 7
Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи. Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена.
Од СВР...
Post Views: 1
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, овој петок е прогласенз а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Post Views: 8
Автономните автомобили веќе не се никаков новитет, а веројатно оваа технологија ја вклучуваат сите поважни производители на автомобили. На CES во Лас Вегас, BMW го претстави своето електрично возило i3 кое воопшто не изгледа поинаку од останатите возила, освен фактот дека може да паркира самостојно без да седите зад управувачот – и тоа можете да му го наредите со помош на паметен часовник.
Паркирањето повеќе нема да биде проблем благодарение на бројните сензори кои производителите ги вклучуваат на своите автомобили. На пример, познат е автомобилот на Google кој вози...
Post Views: 2
Струшката капелата рак рана на ЈП „Комунално“. Пуштањето во функција на овој објект бил еден од приоритетите на директорот на ова претпријатие, Петко Кутаноски. Кутаноски признава дека многу доцнат со ветеното. Тој кажа дека капелата е комплетно подготвената за нејзината намена, привремено одлагање на мртовци, но пост фестум се јавиле низа проблеми.
Кутаноски кажа дека капелата првично ќе ја користат православните за одлагање на мртовци, но појасна дека таа е комплетно опремена и за покојните од муслиманската вера. Околу капелата во текот на вчерашниот ден била поставена...
Post Views: 1
Денеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права. Од годинава, овој ден започна да се одбележува и во Македонија. Во основните судови во Охрид и Струга значителен број граѓани побараа правни совети, околу предмети кои подолг период им претставувале проблем, а немале можност да ги решат. Покрај граѓаните, со работата на основниот суд Струга се запознаа и студентите кои...