Кој чека ќе дочека

Долго најавуваната капела во општина Струга конечно ќе профункционира. Истата внатре е комплетно уредена, останува само уште партерно да се уреди.

 |  Билјана Николоска  | 

Струшката капелата рак рана на ЈП „Комунално“. Пуштањето во функција на овој објект бил еден од приоритетите на директорот на ова претпријатие, Петко Кутаноски. Кутаноски признава дека многу доцнат со ветеното. Тој кажа дека капелата е комплетно подготвената за нејзината намена, привремено одлагање на мртовци, но пост фестум се јавиле низа проблеми.


Кутаноски кажа дека капелата првично ќе ја користат православните за одлагање на мртовци, но појасна дека таа е комплетно опремена и за покојните од муслиманската вера.
Околу капелата во текот на вчерашниот ден била поставена и порта, се израмнило земјиштето, како тоа место би се заштитило од фрлање на смет како што досега тоа било практика, вели Кутаноски. Тој со стартот на капелата очекува и средување на гробиштата каде очигледно владее башибозук.
Кутаноски очекува комплетно средување на состојбата со струшките гробишта и веќе еднаш засекогаш да се заокружи овој фамозен проект. Тој рече дека не можат да стигнат да завршат до 7 ми ноември како што било предвидено, но максимум за 30 дена најави комплетно и партерно и хортикултурно средување на струшките гробишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top