Плажата „Галеб“, кобна

Пронајдено безживотно тело на жена во водите на Охридското езеро. Овој немил настан се случи на исто место на струшката плажа „Галеб“, каде пред нецели два месеци од струен удар беа извадени трите мртви тека на сограѓани од оваа општина.

 |  Билјана Николовска  | 
davenik
давеник

Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи.  Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена.

davenikОд СВР Охрид го потврдија настанот. Портпаролот Стрфан Димоски до моментот на изјавата неможеше да го соопшти идентитетот на жената, поради тоа што сеуште врз телото, стручни екипи вршеле обдукција. Димоски додаде дека кај мртвото тело на жената не биле пронајдени никакви документи за идентификација.

Стручни лица работат на откривањето на идентитетот на покојната како и на причините поради кои настанала смртта.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top