Единствeни во својата различност

Прва мултиетничка дебата во Струга органзирана од страна на Локалната Агенција за Развој.

 |  Крсте Голабовски  | 
debata
дебата

Обид да се надминат религиските и етнички предрасуди. „Единство во Различноста“ е само прва од циклусот јавни дебати, кои до крајот на годинава ќе се одржуваат во Струга. Целта на дебатите е зајакнување на довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи во општина Струга. Еден од учесниците на дебатата Проф. Д-р. Отец Стефан Санџакоски кажа дека, сеуште живееме затворени во своите дворови и гледаме кон надворешниот свет низ клучалките. Санџакоски додаде дека ни ИВЗ и МПЦ досега не се состанале на ниту едно ниво, и меѓу нив дијалог речиси и да нема. За нивните меѓусебни односи дознаваме само преку конфликти кои пак немаат религиозна основа и заднина туку политичка.

„И денес религиозните заедници се маестрално злоупотребени од политичкиот свет во Македонија.Со религиозните заедници многу вешто се диригира“, вели Санџакоски.

debataОвој вид на дебати претставува за елабориран начин како да се дојде до конструктивни заклучоци кои ќе бидат искористени од Комисијата за односи меѓу заедниците при составувањето на нивната годишна програма. Јусуф Исмаили- Теолог по Исламски науки, на тирбината се осврна на изградбата на верските објекти, кои повторно во голема мерка се исполитизираат. Тој потенцира дека, Ако еден верски објект се гради со амин на народот, а не со амин на политичките партии тогаш тука не треба да има ништо спорно.

„Не сакам да навлегувам во политичките причини за овој проблем.Во врска со градбата на верските објекти било тоа да е џамија или црква која што се гради со вољата на народот а, не со воља на државата и политичките партии сметам оти не би требало да биде попречена  градбата на тие објекти“, доаде Исмаили.

Исмаили додаде дека самото значење на зборот Ислам е мир и останатите вери отсекогаш уживале посебна заштита од страна на муслиманите и можеле слободно да ја задржат и практикуваат својата религија. Сите присутни на дебатата едногласни дека живиот граѓански конструктивен дијалог затаи зад искреираните политички и медиумски дискурси.  Проектот „Единство во различноста“ е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга, и е финансиски поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“. Главна цел на проектот е да и помогне на заедницата да ги надмине предрасудите базирани на етничката припадност и религијата. Целни групи се: Комисијата за односи меѓу заедниците, бизнис секторот, студентите, локалните медиуми и граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top