Џамијата во Горна Белица за едни легална за други не

Џамијата во Горна Белица за едни дивоградба, за други легална. Тоа што е сигурно е тоа дека овој предмет е главна причина што на градоначлникот на Струга,  Државниот инспекторат за градежништво  му ги одзеде ингеренциите во сферата на урбанизмот и градежништвото.

 |  Татјана Маленкова  | 
dzamija
џамија

Џамијата во Горна Белица за едни дивоградба, за други легална. Тоа што е сигурно е тоа дека овој предмет е главна причина што на градоначлникот на Струга,  државниот инспекторат за градежништво  му ги одзеде ингеренциите во сферата на урбанизмот и градежништвото.

„Министерството за транспорт и врски, односно, државниот инспекторат за градежништво, во многу општини ги одзеде ингеренциите од сферата на урбанизмот, не само во Струга. Ги одзеде секаде каде утврди дека не се постапува согласно законот.

Добро е градоначалниците да си ги исполнуваат обврските согласно законот, за да не дојде до вакви ситуации“, истакна министерот за транспорт и врски – Миле Јанакиевски.

„ Сега засега ингеренциите се одземени за предметот со џамијата во Горна белица. Во тек е постапка на ревизија и доколку се најдат други случаи каде не се постапува според законот на општините ќе и се одземат ингеренциите на подолг период“, истакна министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Спротивно на ставот на министерот, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и понатаму тврди дека џамијата во Белица е легално изградена и дека никој нема да ја руши.

„Општинскиот градежен инспекторат работи според законот. Јанакиевски е секогаш добредојден во Струга. Тврдам дека во никој случај нема да се руши џамијата во Горма Белица, бидејќи има соодветна документација“, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Џамијата во Горна Белица подолг период е причина за револт на жителите од ова село. Неодамна од Исламската верска заедница преку медиумите  му порачаа на министерот Јанакиевски „ако се руши џамијата, да се срушат и останатите верски објекти кои се изградени таму“.

Додека недлежните се натегаат и проверуваат дали џамијата е легално изградена или не, Ивз најавија дека најверојатно до крајот на овој месец ќе ја пуштатат во употреба, но и тоа дека за случајот се заинтересирале и од ОБСЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top