Видео: Гребаниците на автомобилите се минато

Погледнете го автомобилот на BMW кој паркира сам

 |  инфодеск  | 

Автономните автомобили веќе не се никаков новитет, а веројатно оваа технологија ја вклучуваат сите поважни производители на автомобили. На CES во Лас Вегас, BMW го претстави своето електрично возило i3 кое воопшто не изгледа поинаку од останатите возила, освен фактот дека може да паркира самостојно без да седите зад управувачот – и тоа можете да му го наредите со помош на паметен часовник.

Паркирањето повеќе нема да биде проблем благодарение на бројните сензори кои производителите ги вклучуваат на своите автомобили. На пример, познат е автомобилот на Google кој вози самостојно, Tesla ја претстави својата верзија а автопилот, а сега и BMW има своја варијанта која во иднина ќе ги замени возачите.

Имено, овој автомобил е невозможно да се удри бидејќи сензорите ги заобиколуваат сите препреки, па така не треба да се плашите дека ќе го изгребете автомобилот или дека лошо ќе го паркирате.

The Verge направи мал тест со овој автомобил а тоа можете да го видите на видеото подолу.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top