Денеска  се одбележува eвропскиот Ден на граѓанската правда

Денеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права.

 |  Татјана Маленкова  | 
gavel
гавел

SudДенеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права.  Од годинава, овој ден започна да се одбележува и во Македонија. Во основните судови во Охрид и Струга значителен број граѓани побараа правни совети, околу предмети кои подолг период им претставувале проблем, а немале можност да ги решат. Покрај граѓаните, со работата на основниот суд Струга се запознаа и студентите кои го избрале правото како идна професија.
Од адвокатската заедница од Струга задоволни од интересот кој граѓаните го покажаа денеска.  Од таму велат дека треба што побрзо во Струга да се отвори адвокатска канцеларија, каде во иднина социјалните семејства ќе можат да добиваат бесплатни совети.
„Со оглед на матријалната состојба на граѓаните, чувствуваме дека во Струга има потреба да се отвори канцеларија, каде граѓаните ќе може да добиваат бесплатни правни совети“, вели  претседател на адвокатска комора Климе Матиловски.
И во Охрид заинтересираноста на граѓаните за бесплатна правна помош голема. Во канцеларијата во основниот суд во Охрид на располагање на граѓаните им беа двјаца адвокати, кои во текот на денов ги сослушаа и советуваа охриѓани. Претседателот на адвокатската комора од Охрид Љупчо Наумоски вели дека не е прв пат во Охрид да се делат бесплатни правни совети.
„Пред неколку години адвокатската комори отвори канцеларија каде сите адвокати ротираа и им стоеја на располагање на граѓаните. Сега министрвото за правда побара да се аплицира за ист ваков проект кој ќе биде под капа на министретвото за правда. Конкретно за Охрид одбрани се 7 адвокати и во иднина очекуваме овој проект да заживее“, вели претседател на адвокатска комора, Охрид, Љупчо Наумоски.
Денеска бесплатни правни совети граѓаните можеа да добијат низ цела Македонија.  Организатор на проектот е Министерството за правда, Адвокатската комора, Комората на извршители, Комората на медијатори и Нотарската комора.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top