Ознака: локалната

kuraicki karneval

По 13ти пат- Кураички карневал за Василица

Post Views: 6 Од здружението потенцираат дека благодарение на соработката со локалната самоуправа овој карневал преминува во сериозна манифестација. Оваа година поканети се новинари од соседните земји, со цел поголема промоција на ваквите манифестации, додава Симоноски.Добредојдени се сите. Ние како организатори нудиме бесплатно вино и ракија, како и традиционалната храна вареница. Присутните ќе ги забавува групата Маестрал и Татјана Лазаревска. Овој настан заслужува да го носи името карневал и се надеваме дека ќе прерасне во долгогодишна традиција, велат од здружението. {loadposition...

Continue reading

soobrakaj

Од сообраќајна студија само желба

Post Views: 25 Трета среќа. Локалната самоуправа по трет пат ќе распише тендер за изработка на студија за сообраќај за Охрид. Од одделението за комунален развој и сообраќај, се оградуваат дека не знаат колку ќе трае целата постапка и кога ќе заврши, затоа што постапката за студијата ја води друг орган, а не локалната самоуправа. „ Наша  задача е постапката што побрзо да заврши. Да имаме согледување на стационарниот, динамичкиот и пешачкиот сообраќај“, изјави раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Шикалески.   Шикалески вели дека одделението за сообраќај ќе тежнее...

Continue reading

Се поопасна пукнатината на зградата наспроти Маларична

Post Views: 0 Пукнатината која се појавила по изградбата на соседниот објект за домување пред неколку години, сега достигнува околу 10 цм. Раздвојувањето се гледа од внатрешноста на зградата, но и од надвор. Состојбата станува се позастрашувачка за граѓаните кои ги посетуваат канцалариите, но и за луѓето кои работат тука.Тие се плашат при најмал потрес да не дојде до рушење на  зградата. Подот крцка, секојдневно од внатрешниот ѕид се ронат тули и малтер, а низ пукнатината се гледа надвор кон улицата вели претседателот на РК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески. Вработените кои...

Continue reading

dedo mraz

Дедо Мраз делеше пакетчиња во општинската зграда

Post Views: 3 Дедо Мраз во посета на општина Охрид. Денеска во локалната се сретна со децата од социјално загрозените семејства и им донесе пакетчиња. Градоначалникот Александар Петрески крајот на годината ќе ја одбележи со хуманитарни акции. По вчерашниот ручек со хендикепираните лица, денеска се делеа пакетчиња, а утре според агендата на градоначалникот на социјално загрозените семејства треба да им поделат социјални пакети. Градоначаникот ветува дека откако ќе ги добие ингеренциите во социјалната свера, локалната многу повеќе ќе им помага на социјалните семејства. На крајот на...

Continue reading

sovetnici

Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Post Views: 0 Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони...

Continue reading

vulkan

Сулфатарата „Дувало“ нова туристичка атракција

Post Views: 1 Реализиран проектот за „Заштита и уредување на сулфатарата „Дувало“. Локалната реши да го уреди и промовира овој несекојдневен локалитет. Оваа сулфатара која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел е една од природните реткости во градов. Со проектот за нејзиното уредување отстранет е градежниот отпад и шут, ставена е заштитна ограда кај самиот локалитет, поставени се патокази како и табла на англиски и македонски јазик. Локалната има намера овој локалитет да го направи туристичка атракција. Вера Рауник од секторот за урбанизам и животна средина вели дека со...

Continue reading

gradinka

Цената во oхридските градинки останува иста

Post Views: 8 По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и вос­пи­ту­ва­ње на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика  излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 де­на­ри на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за до­ма­ќин­ство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не...

Continue reading

fontana

Kај Чинарот, фонтана или споменик на Цар Самоил?

Post Views: 10 Локалната во иднина ќе ги поправа направените грешки од нивните претходници. Единствената градска фонтана по се изгледа ќе се дилоцира.  Следејќи го јавното мислење од локалната самоуправа најавуваат  иницијатива на овој простор да се подигне споменик  на Цар Самоил. „Дислокацијата на фонтаната и изградбата на споменикот ќе се случи само доколку има приватни иницијативи кои сериозно ќе ги разгледаме. Општината, во моментов има поприоритетни работи“, рече градоначалникот Александар Петрески.  Дел од архитектите кои ТВМ ги контактираше, а посакаа да останат анонимни велат...

Continue reading

пп возило

Tропаат за пари на погрешна врата

Post Views: 3 Група револтирани припадници на  противпожарната територијална едница, кои сакаа да останат анонимни, се пожалија дека единствено тие биле отстранети од списокот за добивање на овој екстра приход. Нивниот командир Спасе Прентоски пак, вели дека иако уште од 2004-та година противпожарните територијални единици се преземени од страна на општината, нивното финасирање, сеуште го прави некој друг. „Но финансирањето на противпожарните територијални единици, сеуште го прави државата односно, преку МВР и Министерството за финансии,“ вели Прентоски. Улогата на Локалната е да...

Continue reading

javna rasprava

Како ќе се трошат парите на охриѓани в година?

Post Views: 11 Јавна расправа за развојните програми на Општина Охрид за 2011 година. Денешната средба со граѓаните и претставниците на месните заедници, градоначалникот Александар Петрески ја оцени како општо корисна за сите. Според него, граѓаните имаат легитимни и скромни барања кои мора да се реализираат, а приоритет ќе се даде на најкритичните. Проектираната сума од околу 16 милиони евра за буџетот за 2011 година, Петрески ја гледа како реална и смета дека секој денар оди на вистинско место. За разлика од Петрески, советничката од редовите на ВМРО –ДПМНЕ Јованка Дамоска, смета...

Continue reading

docek na Nova Godina

Скромно, но весело за Новата Година

Post Views: 0 Скромно, но весело. Со овие зборови градоначалникот Александар Петрески го потврди одржувањето на  овогодинешниот организиран дочек на најлудата ноќ во нашиов град. Петрески потенцира дека од 2006-та година откако тој е градоначалник дочек имало и ќе има. Оваа година идејата на Локалната е да се направи еден туристички пакет на настани почнувајќи од Нова година, па се до Водици. Петрески вели дека програмата ќе биде богата со содржини, но соодветно на општата економска ситуација во државава, скромна. Градоначалникот кажа дека тој може и Мадона и Лепа брена да ги донесе...

Continue reading

brod

Охрид се кити, но годинава со старото руво

Post Views: 4 Охрид и оваа година ќе биде еден од најубаво украсените градови во Македонија, најавуваат од Локалната. Отаму информираат дека украсувањето е во тек веќе десеттина дена . Портпаролот на Општината, Симон Илиевски вели дека поголемиот број од споредните улици во градов, веќе се украсени, а сега се работи на украсување на центарот на градот. „Се работи со украсните материјали кои ги имавме, со мали надополнувања и интервенции и мислам и понатаму Охрид ќе го има епитетот, најукрасен град во РМ“, кажа Илиевски. Од локалната потенцираат дека украсувањето на градов треба да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top