Цената во oхридските градинки останува иста

Најавите на Министерството за труд и социјала дека ќе се зголеми цената за згрижување деца во градинка ги вознемири охриѓани.

 |  Татјана Маленкова  | 
gradinka
градинка “Јасна Ристеска“

По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и вос­пи­ту­ва­ње на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика  излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 де­на­ри на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за до­ма­ќин­ство и УНИЦЕФ.
Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не сакајќи јавно да говорат од ТВМ побараа да испита кога, како и дали оваа новина ќе биде спроведе и во Охрид.  
„Најавите за промена на цената, дојдоа од министерството за труд и социјална политика. Од таму велат дека од следната година ќе се изготвуваат правилници и дека според нив локалната поточно советот да донесе одлука за зголемување на  цената на чинење за згрижување на децата во градинките“, вели раководителот секторот за јавни дејности во кој спаѓа и одделенито за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита.
„ Детални информации освен медиумски најави нема, ни во општината ни во градинките. Од она што го заклучивме, локалната треба да си земе за право да одлучи дали ќе формира нова цена за градинките. Што се однесува пак до нас, во овој миг сите социјални моменти на државата во никој случај нема да дозволиме зголемување на цената“, вели раководител на сектор за јавни дејности, Митре Велјаноски.  
Велјановски додава дека локалната нема да дозволи со ваков потег да се доведи во прашање згрижувањето на децата.
„ И да дојде до ситуација градинките со овој износ од 1490 денари да неможе да ги покриеме елементарните трошоци, тогаш локалната со свои субвенции како и во изминативе две години по однос на даноците ќе го направи тоа. Ако до таму дојдат поскапувањата општина Охрид че биде последната која ќе ја корегира цената на градинките“, вели Велјановски.
Со оглед на фактот што општина Охрид сеуште е во прва фаза од децентрализацијата тогаш и кај детската заштита општината има сосема мали надлежности, поточно  само за тековно одржувањето на објектот. Да се надевеме дека локалната и ова ветување ќе го исполни и со тоа ќе ги заштити охриѓани од дополнителни трошоци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top