Како ќе се трошат парите на охриѓани в година?

Буџетот за 2011 година проектиран според реални потреби, смета градоначалникот Петрески. За ВМРО – ДПМНЕ предложениот буџет – неразвоен.

 |  Билјана Николоска  | 
javna rasprava
јавна расправа

Јавна расправа за развојните програми на Општина Охрид за 2011 година. Денешната средба со граѓаните и претставниците на месните заедници, градоначалникот Александар Петрески ја оцени како општо корисна за сите. Според него, граѓаните имаат легитимни и скромни барања кои мора да се реализираат, а приоритет ќе се даде на најкритичните. Проектираната сума од околу 16 милиони евра за буџетот за 2011 година, Петрески ја гледа како реална и смета дека секој денар оди на вистинско место.

За разлика од Петрески, советничката од редовите на ВМРО –ДПМНЕ Јованка Дамоска, смета дека ако се одземат 6-те милиони евра кои што се предвидени да влезат во буџетот преку кредит, всушност општината предлага намален буџет во споредба со минатата година. А за 6-те милиони евра, Дамоска смета дека се само ново долгорочно задолжување на градот, кое на крај пак граѓаните се тие што треба да го платат. За советничката предложените програми на секторите се веќе видени и нема ништо развојно во нив.

Претставниците на М. З. и спортските клубови во градов задоволни од развојните програми за 2011 година и средствата предвидени за истата.

javna raspravaОсновниот буџет на општината за 2011 година изнесува 617 милиони денари, приходи што треба Локалната да ги прибере од даноци, комунални такси, надоместоци, трансфери од други нивоа на власт и 360 милиони денари кредит, кој што планира општината да го земе од комерцијалните банки или други финансиски институции.

Од нацрт-фискалната стратегија за 2011 година, која што може да се погледне на општинската интернет страница,  дел од секторите ги имаат следниве побарувања: Сектор за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој  – околу 398 милиони денари; Сектор за туризам и локален економски развој – 18 милиони денари; Сектор за јавни дејности – околу  22 милиони денари, како и Територијалната противпожарна единица на општината – околу 4 милиони денари.

Но каде ќе се потрошат останатите средства,  кои се во износ од  околу 500 милиони денари, градоначалникот Петрески на кажа и не упати до Одделението за финансии. Имајќи го во предвид податокот дека локалната администрација во Општина Охрид последнава година драстично порасна, сигурно е дека не мал дел ќе отпадене токму за нивните плати. Но прецизните и со точност утврдени бројки ќе ги имаме на наредната седницата на Советот на Општина Охрид, која треба да се одржи до крајот на годинава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top