Ознака: локалната

risto cado

Ако сакаат пат нека дадат и од своите дворови

Post Views: 10 До редакцијата на ТВМ пристигна демант  од Серафилоски Илчо за прилогот објавен на 25 март, кој се однесуваше на пристапниот пат за жителите од крак на улицата Ристо Чадо. Илчо Серафилоски кој живее и работи во Берлин е сопственик на спорната парцела на која незаконски е направен асфалтиран пат. Тој во демантот кој го испрати до ТВМ потенцира дека тврдењата на соседот Стефаноски и преставникот на Локалната самоуправа Зоран Шикалоски се неточни. Тој вели дека и самиот е жесток противник на алчноста, но се чуди како некои луѓе се толку дрски и со лага ја злоупотребуваат...

Continue reading

tanas Tanasoski

За некои казна за други опомена

Post Views: 8 Праксата на дело. Урбаната опрема ќе се подига без пардон. Нема веќе прогледување низ прсти за неплаќачите на обврските кон локалната. Градежниот инспекторат отпочна со реализација на програмата за поставување на урбана опрема. Радикалните мерки на овој инспекторат вчера ги почуствуваа неколку сопственици на кафулиња лоцирани на градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата „Премиер“ и Амамот. Објаснувањето на првиот човек на општинскиот инспекторат Танас Танасоски е дека мора од некаде да се почне за да се стави крај на проблемите од овој аспект.  Оваа опомена...

Continue reading

opshtina

Демант од Локалната на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 2 Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои: Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ  преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно  е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи. Господо...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

Petreski

Охрид и Марибор со здружени сили пред европските фондови

Post Views: 8 Охрид ќе црпи словенски искуства  при изработка на проекти за влечење пари од европските фондови. Деталите биле договорени на неодамнешната посета на градоначалникот Александар Петрески на Словенија поточно Марибор. Овој град кој има искористено најмногу европски пари најпрво ќе ни помогне во сверата на туризмот. Веќе следнава недела тим од Секторот за локален економски развој ќе патува за Марибор каде ќе ги направи првите контакти со нивниот сектор, за да потоа тие дојдат кај нас со цел да се изработи заеднички проект во оваа област. „Ќе се разговата за подготовката...

Continue reading

хор

Добриот глас надалеку се слуша-Охридскиот хор оди во Босна

Post Views: 22 Овојпат охридското хорско пеење ќе се слушне дури до Босна и Херцеговина. Охридскиот хор ќе учествува на фестивалот во хорско пеење во Приједор. Охридските хористи за Босна ќе патуваат со финансиска подршка од Локалната самоуправа. Охридскиот хор-последен војник во борбата за зачувување на оваа ретка уметност. Охридското хорско пеење овојпат ќе се презентира во Босна и Херцеговина, а истовремено ќе го претстави и нашиот град. Охридскиот хор активно се подготвува за овој фестивал кој покрај промотивниот, има и натпреварувачки карактер. „На фестивалот Златна вила кој...

Continue reading

varosh

Збогум на „дивите“ чекачи

Post Views: 2 Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри  се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид,  во Пешатани, а преостанатите три  кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа. Сега сите понуди...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

sektor za ekologija

Расчистување на канали

Post Views: 1 Крајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива. Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви...

Continue reading

Sime

Експресен демант од Локалната

Post Views: 0 “Општата болница ,на чија огласна табла вчера осамна фотомонтажа на која раководството на СДСМ маршира во нацистички униформи,наместо вината за овој скандал да ја бара кај себе , ја обвини локалната самоуправа.“- Симон Илиески, портпарол на Локална самоуправа. „Далеку од здравиот разум е  некој да поверува дека  некој вработен од локалната самоуправа ,на огласната табла  што се наоѓа во административната зграда на општата болница на неколку чекори од директорскат канцеларија,незабележано да влезе  и да ја постави фотомонтажата. Со особена почит кон вработените кои ни...

Continue reading

slika

Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?

Post Views: 4 Контроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р...

Continue reading

drvored

Две Комисии ќе проценуваат за сеча на дрвјата

Post Views: 2 Од Правната служба на локалната самоуправа информираат дека  Дисциплинската постапка против Радован Велјаноски, службеникот кој самоволно одлучи  да се исечат 6-те дрвја  на улица Партизанска е во тек. Согласно одредбите од Правилникот за начин на водење постапка за дисциплински престап  постапката ќе биде завршена во законскиот рок,а епилогот од истата ќе се знае многу наскоро, кусо за ТВМ изјави секретарот на Локалната самоуправа Димитрија Вревезоски. Со оглед на поволниот период за режење на дрвјата  Комисијата за проценка работи непречено, но во друг состав. Од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top