Ознака: локалната

javna rasprava

Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Post Views: 2 Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот...

Continue reading

gradba

Неизграденото државно земјиште ќе им се враќа на општините

Post Views: 6 Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година.Управување со градежното земјиште на транспарентен начин преку електронско јавно наддавaње, со овие зборови Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, го објасни основниот принцип на новиот Закон за градежно земјиште. На овој начин, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на...

Continue reading

pres

Локалната за сработеното

Post Views: 3 Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година. Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески.  Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен...

Continue reading

sednica na Sovet

Извештаите за работата на локалната пред советниците

Post Views: 3 Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани...

Continue reading

sovet

Каде се паушалите за советниците?

Post Views: 0 Доцнат исплатите на паушалите за советниците. Извор за ТВМ обвинува дека додека локалците покрај платата, пред Нова Година си  поделиле и К 15, за разлика од советниците, кои останаа без паушалите за сработеното.  Досега два, за некој ден и три паушали, треба да им бидат исплатени на охридските избраници. Кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, проблемот не го гледа само во неисплаќањето на надместокот за сработеното, туку и како што вели, во слабите проценки на локалната за приходите и расходите. „ Исплатата  поточно неисплатата на паушалите не е проблем...

Continue reading

Lokalna

Од жешко, пожешко

Post Views: 10 Секретарот Димитрија Вревезоски  во одбрана на Локалната, одговори и на вчерашните обвинувања на Михаилов, упатени на адреса на Општината и работењето на новоформираните јавни претпријатија. Секретарот на општината Димитрија Вревезоски, со надополнување на неодамнешната прес конференцијата, на која говореа раководителите на сите сектори во општината и директорот на Ј.П. Комуналец. Вревезоски истакна дека чувствува потреба да дообјасни некои работи кои навлегуваат во законската регулатива, за кои вчера обвинуваше Михаилов. Формирањето на новите ЈП-ја, ЛС не го правела...

Continue reading

Ilindenska mrak

После двомесечен мрак, на Илинденска конечно светло

Post Views: 11 На граѓаните од „Илинденска“ конечно им се провидели. Улицата која подолг период беше обвиена во мрак, од денес ќе биде целосно функционална. Нејзините жители пред извесно време апелирале до надлежните во Општината, но дури вчера нивните молби биле слушнати. „Илинденска“ вчера го доби редовното одржување. Улицата која подолг период беше во целосен мрак, од денес се враќа во нормала. Граѓаните кои живеат на оваа улица подолго време се снаоѓаа кој како може. Движењето навечер по оваа улица беше вистинска опасност бидејќи таа се наоѓаше во целосен мрак. Проблемот беше...

Continue reading

Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Post Views: 5 Надлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот. Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава: „Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие....

Continue reading

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагира на обвинувањата на локалната

Post Views: 13 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов  реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа. „И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...

Continue reading

pres

Локалната самоуправа, во одбрана на сработеното

Post Views: 0 Локалната самоуправа од Охрид, со здружени сили, контра сите искази кажани на вчерашниот прес на ВМРО – ДПМНЕ. Локалната е будна и неспие. Ова е заедничкиот став на раководителите на општинските сектори, кои транспарентно и одговорно излегоа пред јавноста да кажат што сработиле. Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски се пофали со фактот дека општина Охрид е рангирана на 4 место по успешност, во конкуренција на 84 општини во Р. Македонија. Советникот на градоначалникот за сообраќај, Зоран Шикалоски рече дека, дел од  вработените во Локалната се изненадени,...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Јасна е разликата…велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 13 Лавина обвинувања од О.К. на Вмро-Дпмне од Охрид упатени на адреса на Локаната. Јасна е разликата помеѓу активностите кои ги преземаат од Вмро-Дпмне и активностите кои ги презема или не локалната самоуправа на СДСМ, вели Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Паднаа обивнувања до локалната за несовесно работење во комуналната сфера, здравството и секако културата.„Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на инвестиции во културата во Охрид, локалната самоуправа на СДСМ преку својот ЛЕР го корумпира економскиот и туристичкиот развој на Охрид.Додека Владата...

Continue reading

stari tezgi

Градот со унифицирани објекти за продажба на сувенири

Post Views: 7 Сувенири и туристички материјали туристите ќе може да купуваат во типизирани куќички. Овие продажни објекти се планира да бидат поставени на три локации во градот, а ќе бидат со површина од околу 17 квадратни метри. Носител на проектот за ваквата туристичка анимација на градот е Министерството за култура. За ваквиот начин на продажба ресорното министерство и Локалната самоуправа пронашле заеднички јазик. Покрај Плаошник, побарани се локации за продажба кај Чинарот и градското пристаниште. На барањето на Министерството за култура да се издадат под закуп  времени објекти,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top