После двомесечен мрак, на Илинденска конечно светло

На граѓаните од „Илинденска“ конечно им се провидели. Улицата која подолг период беше обвиена во мрак, од денес ќе биде целосно функционална. Нејзините жители пред извесно време апелирале до надлежните во Општината, но дури вчера нивните молби биле слушнати.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ilindenska mrak
илинденска мрак

Ilindenska mrakНа граѓаните од „Илинденска“ конечно им се провидели. Улицата која подолг период беше обвиена во мрак, од денес ќе биде целосно функционална. Нејзините жители пред извесно време апелирале до надлежните во Општината, но дури вчера нивните молби биле слушнати.

„Илинденска“ вчера го доби редовното одржување. Улицата која подолг период беше во целосен мрак, од денес се враќа во нормала. Граѓаните кои живеат на оваа улица подолго време се снаоѓаа кој како може. Движењето навечер по оваа улица беше вистинска опасност бидејќи таа се наоѓаше во целосен мрак. Проблемот беше само една сијалица за која на надлежните им беше потребно долго време да ја сменат. Жителите од оваа улица пред извесно време реагирале до локалната за овој проблем, но нивните молби биле слушнати дури вчера.

Локалната самоуправа не информираше дека според динамиката на работа токму за вчера било закажано редовното одржување на улицата „Илинденска“. Надлежните излегле на терен при што биле заменети сите сијалици на овој потег и улицата била целосно сервисирана.

Сепак жителите на „Илинденска“ апелирале до локалната пред скоро 2 месеци за овој проблем. Оттука неизбежно се наметнува прашањето дали навремено се излегува на терен и дали проблемот со осветлувањето во градов мора да се решава во „закажани термини“?
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top