Од жешко, пожешко

Oд локалната од Охрид, најавуваат кривична пријава за Атанаско Михаилов, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lokalna
општина

Секретарот Димитрија Вревезоски  во одбрана на Локалната, одговори и на вчерашните обвинувања на Михаилов, упатени на адреса на Општината и работењето на новоформираните јавни претпријатија.

Lokalna

Секретарот на општината Димитрија Вревезоски, со надополнување на неодамнешната прес конференцијата, на која говореа раководителите на сите сектори во општината и директорот на Ј.П. Комуналец. Вревезоски истакна дека чувствува потреба да дообјасни некои работи кои навлегуваат во законската регулатива, за кои вчера обвинуваше Михаилов. Формирањето на новите ЈП-ја, ЛС не го правела по сопствена желба, туку како обврска која произлегувала од Законот за гробишта, кој го донесе Собранието на Македонија на предлог на оваа влада, дециден Вревезоски.

„Се прави под притисок на Државниот комунален инспектор, кој се заканува со кривични пријави за непочитување на одредбите од овој закон, затоа се отиде на формирање на нови ЈП-ја, објасна секретарот на општината.

Истото се подразбирало и за новите давачки кои произлегуваат од овие претпријатија. Давачките се резултат од позитивната законска регулатива, како на пример гробарината, која произлегува ОД Законот за гробишта, вели Вревезоски. Тој се огради и од обвинувањето на Михаилов дека ЈП-ја биле места за згрижување на партиски кадри.

„Дали се партиски решенија, Владо цветкоски, Драган панделески, Сашо Алче или директорката на Градски пазар. Ниту едно од овие имиња не е партиско и кадровско решение на СДСМ“, вели Вревезоски.

Причините за наплатата на користење на паркинг просторот на Булеварот Туристичка, беше исто така објаснета од страна на секретарот на општината.

„Бул. „Туристичка“ на потегот на градското подрачје нема третман на магистрален пат, туку има третман на улица. Надлежност е на ЛС, согласно Законот за Локална самоуправа, објасна секретарот.

Исто така Локанлната самоуправа според Законот за обележување на патиштата се грижи за вертикалната и хоризонталната сигнализација на патиштата, воведувањето на оваа наплата е од времето на минатито градоначалник, распишана со тендер од 2005 година. Што се однесува до Михаилов, секретарот Вревезоски со обвинувања дека тој бил најмалку компетентен да обвинува за начинот на работењето на Локалната.

Atanasko Mihailov„Кај му е образот да поставува вакво прашање кога тој не си ја исполнува законската обврска. Ние овие дена против Атанаско ќе поднесеме кривична пријава за бесправно направена градба и прекршочна пријава за неплаќање на данок на имот“, дециден е Вревезоски.

„Дали Охрид расте или тоне, најмалку Атанаско може да кажива. Граѓаните на Охрид може сами да видат каков беше Охрид пред 5 години, во сите сфери од своето постоење, за крај кажа Вревезоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top