Локалната за сработеното

Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година.

 |  Татјана Маленкова  | 
pres
pres

Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година.
Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески.  Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен и расходен дел. Едниот дел покажува од каде се парите, а другиот каде ќе се трошат истите. Луѓето за нас забораваат да кажат дека приходниот дел ни доаѓа од министрството за транспорт и врски, поточно агенцијата за државни патишта“, истакна Шикалески.

„ Не може  едно да се ветува, а потоа со едно писмо да сме информирани дека средствата се намалуваат и да се бара реализација на нешто.  Ако средствата се пренаменат од една на друга ставка неможеме од општина Охрид да се бара 100 % реализација“, истакна Зоран Шикалески од  секторот за комунален развој, сообраќај и улици.

Шикалески појасна дека пред два дена во секторот пристигнало писмо со кое агенцијата за државни патишта ја известува локалната дека и годинава како и лани од предвидените 300 милиони денари на државно ниво за оваа намена, општина Охрид добива само 7 милиони денари. Тој посочи дека парите кои ги добила општина Охрид се искористени 100 %. Шикалески не пропушти да спомне дел од поголемите проекти кои минатата година ги реализирала локалната како што се колекторскиот ситем во Пештани, водоснабдувањето во Лескоец, водоснабдителен системот во Велгошти, зафатите во населбата Илинден и ред други.
Кога се работи за народни пари, на секоја забелешка чувствувам потреба да објаснам, истакна Тони Иваноски, внатрешен ревизор во локалната. Треба да се прави разлика што е програма на активности на терен и што е буџетска платена програма. Постои голема работа помеѓу направеното и ислатеното, додаде тој.

„ Само во 2010 год. општина охрид има исплатено 138 милиони денари за обврски од пед 2005 год. Доколку овие пари ги имавме ќе беше поинаква сликата во буџетот, а процентите ќе беа пореални спрема сработеното. За спортската сала локалната има исплатено 30 милиони, за АД Гранит по пресуада од врховен суд за работи во 98 уште многу повеќе пари, а остатокот е за исплата по судски решениеја“, истакна Тони Ивноски внатрешен ревизор во локалната самоуправа.

За транспарентноста на општината и трошењето на буџетските пари проговори и раководителот на одделението за финансии и буџет Александар Китрозоски.

„ Во донесувањето на буџетот се судруваме со реален проблем, носиме буџет оптретен со активноти за изминатите години“, истакна Александар Китрозоски – раководител на одд за финансии и буџет.

На пресс конференцијата се обрати и најповикуваниот деновиве раководителот на секторот за Туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски.
„ Сметам дека се работи за депласирани информации и клевети за да се наруши угледот на градоначалнкот и општинската администрација. Извештаите се погрешно толкувани и тенденциозно интерпретирани“ истакна раководител на сектор ТЛЕР, Гоце Симоноски.

Денешната пресс конференција на која се обратија раководителите на секторите на некој начин беше очекувана реакција на локалната по вчерашните обвинувањата кои на нивна адреса ги упатија од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top