Kај Чинарот, фонтана или споменик на Цар Самоил?

Локалната во иднина ќе ги поправа направените грешки од нивните претходници. Единствената градска фонтана по се изгледа ќе се дилоцира.  Следејќи го јавното мислење од локалната самоуправа најавуваат  иницијативата на овој простор да се подигне споменик  на Цар Самоил.

 |  Валентина Неловска  | 
fontana
Фонтана

fontanaЛокалната во иднина ќе ги поправа направените грешки од нивните претходници. Единствената градска фонтана по се изгледа ќе се дилоцира.  Следејќи го јавното мислење од локалната самоуправа најавуваат  иницијатива на овој простор да се подигне споменик  на Цар Самоил. „Дислокацијата на фонтаната и изградбата на споменикот ќе се случи само доколку има приватни иницијативи кои сериозно ќе ги разгледаме. Општината, во моментов има поприоритетни работи“, рече градоначалникот Александар Петрески.  
Дел од архитектите кои ТВМ ги контактираше, а посакаа да останат анонимни велат дека во моментов на ова место треба да постои фонтаната но со поинаков изглед. Во моментов таа  е предимензионирана и неосмислена. Секоја фонтана би требало да е носител на симболика со одредена уметничка и социјална вредност, истакнуваат стручните лица. Фонтаната кај Чинарот е
изградена  со материјали кои не се вклопуваат еден со друг и не го доловуваат амбиентот. Наместо мермер и гранитни плочки, велат најдобро би било да се применат природни материјали како што е каменот, или да се употребат мозаици и скулптури. Во моментов без урбана галантерија таа е безлична творба. Авторот на идејното решение не успаел да ги поврзе двете цивилизации , христијанската и муслиманската, кои се  вкрстуваат на овој простор е ставот на архитектите.  Се надеваме дека со најавените измени, овој пат архитектите ќе го доловат духот на чаршијата.  Тие порачуваат да се исправи грешката, а не да се повтори со поставување на споменици.
Фонтаната со сегашниот многуаголен облик кој на туристите им наликува на НЛО објект е изградена во 2003-та год. во времето на градоначалникот Никола Наумоски, а средствата за нејзината изградба се донација на Охридска банка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top