Скромно, но весело за Новата Година

Организиран дочек на Новата година дефинитивно ќе има. Градоначалникот Петрески уште еднаш потврди дека овогодинешната прослава ќе биде скромна, но весела и богата со содржини.

 |  Крсте Голабовски  | 
docek na Nova Godina
дочек на Нова Година

Aleksandar  PetreskiСкромно, но весело. Со овие зборови градоначалникот Александар Петрески го потврди одржувањето на  овогодинешниот организиран дочек на најлудата ноќ во нашиов град. Петрески потенцира дека од 2006-та година откако тој е градоначалник дочек имало и ќе има. Оваа година идејата на Локалната е да се направи еден туристички пакет на настани почнувајќи од Нова година, па се до Водици. Петрески вели дека програмата ќе биде богата со содржини, но соодветно на општата економска ситуација во државава, скромна.

Градоначалникот кажа дека тој може и Мадона и Лепа брена да ги донесе за соодветен хонорар, но во оваа сиромаштија не сака парите на гражаните да ги троши за тоа.

Градоначалникот кажа дека подобро е да се направи плус улица или тротоар во градов, отколку да се трошат астрономски суми на хонорари за половина час настап. Што се однесува до повикот на ОК на ВМРО ДПМНЕ до учесниците во туристичката и угостителската понуда, да помогнат во организирањето на новогодишната прослава, Петрески со информација дека Охридските угостители се на раб на егзистенција. Кога пред неколку години Локалната упатила писма до сите хотелиери угостители и чаршискиот еснаф барајќи доброволни средства за организирање дочек, целата акција завршила, со собрани само 27.000 денари.
Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче вели дека овогодишната Новогодишна прослава содржински во никој случај нема да биде со послаб квалитет. Ќе има утринска, дневна, програма самиот дочек на Новата година и секако по некое изненадување. Така за најмладите, доколку дозволат временските услови се очекува Дедо Мраз да пристигне со падобран на градскиот плоштад.

Ukraseno za NGОд Локалната информираат дека настапот на РНЦ групата е договорен уште пред одржувањето на фестивалот „Охридски Трубадури“ со што, Локалната му дава подршка на фестивалот, а од фестивалот се обврзани да настапуваат на дочекот на Новата година на плоштадот. Директорот на „Комуналец“ потенцира, дека во разубавувањето на градот оваа година, новитет ќе биде украсувањето на паркот од кафулето „Жиголо“, па се до кружниот тек на градскиот плоштад. За разлика од другите општини кои позајмуваат реквизити за украсување, овие се во сопственост на градот и од година во година нивниот број е се поголем. Секако годинава нема да изостане и новогодишниот огномет.

Петрески одговори и на обвинувањата упатени од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, поврзани со неговата неодамнешна посета на Зимскиот центар „Банско“ во Бугарија. Петрески обасјни дека тој не бил во Бугарија да шета туку дека станува збор за работна посета на која тој на градоначалникот на Банско му ја врачил наградата за најдобар зимски турситички центар.

За верскиот празник Водици, на Петрески пак ќе му биде врачена наградата за културен туризам. Во Бугарија охридскиот градоначалник оствари и средби со претставници на хотелските асоцијации на Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора,Косово, Бугарија и Романија. Се очекува и нивното присуство за верскиот празник Водици, што во голема мерка ќе придонесе за афирмација на Охрид како турситичка дестинација.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top