Се поопасна пукнатината на зградата наспроти Маларична

Зградата наспроти Маларична во која се сместени канцалариите на повеќе инстиутуции, невладини организации и политички партии од ден на ден станува се поопасна.

 |  Валентина Неловска  | 

Пукнатината која се појавила по изградбата на соседниот објект за домување пред неколку години, сега достигнува околу 10 цм. Раздвојувањето се гледа од внатрешноста на зградата, но и од надвор. Состојбата станува се позастрашувачка за граѓаните кои ги посетуваат канцалариите, но и за луѓето кои работат тука.Тие се плашат при најмал потрес да не дојде до рушење на  зградата. Подот крцка, секојдневно од внатрешниот ѕид се ронат тули и малтер, а низ пукнатината се гледа надвор кон улицата вели претседателот на РК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески. Вработените кои користат канцаларии во објектот велат страшно е да се работи во вакви деловни простории. Бараат инститиуциите итно да ја испитаат статичката состојба на објектот.


Од Локалната самоуправа кој се сопственици на објектот велат не знаат во каква состојба се наоѓа зградата. Досега никој не се обратил до нив за да ги информира за состојбата на објектот. Корисниците на просториите признаваат дека досега не се обратиле до Локалната. Не плаќаат ќирија за просториите па не знаат во чија сопственост е објектот и  до кога да се обратат за да се испита стабилноста.
Во просториите на зградата се сместени седиштата на двете политички партиа ВМРО-НП и ЛДП,  а канцаларии имаат ценатрот за социјални работи и  министерството за земјоделство, како и повеќе невладини организации. Досега простотриите ги има напуштено единствено организацијата на потрошувачи чии  канцаларии беа исто така сместени во оваа зграда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top