Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Изгласан буџетот на Општина Охрид за 2011 год. Советниците по низа натегања и препукувања, дадоа зелено светло за предложениот буџет на општината.

 |  Татјана Маленкова  | 
sovetnici
советници

Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.
Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони денари, како и изградбата на водоснабдителниот и системот за одведување на отпадни води – 95 милиони денари.

Од друга страна,  расходниот дел е резулатат на укажувањата од граѓаните за решавање на комунални проблеми, предлози на месни заедници, планови на ОУ, детски градинки и средни училишта. Расходниот дел е направен преку анализи на стручните служби на општината, имајќи ги во предвид долгорочните и годишните програми, појасни претседателот на Комисија за финасии и буџет, Ахмет Пател.   

Проектираниот буџет за 2011 год е поголем за 74,7 % од минатогодишниот и е направен согласно Законот за финансирање на Единиците за локална самоуправа и согласно активностите и потребите на општина Охрид. Со напомена, доколку локалната го земе предвидениот кредит од 6 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top