Ознака: Дебрца

Училиштата од Дебрца добија огревно дрво за две години

Post Views: 6 Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба. Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште. Со донираното огревно дрво...

Continue reading

Втор круг на гласање ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 1 Според неофицијални информации, втор круг на гласање за Локалните избори ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ, победник во првиот круг, заедно со Константин Георгиески од СДСМ ќе бараат доверба од охриѓани за наредните 4 години, во вториот круг за 14 дена. Во Струга во вториот круг на Локалните избори, довербата на стружани ќе ја бараат Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива. И во Дебрца ќе има втор круг на Локалните избори. Довербата на Дебрчани ќе ја бараат Зоран Ногачески, независен кандидат...

Continue reading

Дебрца, нова дестинација за зимски туристички авантури

Post Views: 4 Започнува реализација на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“, кој во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се финансира со средства од Европската унија. Носител на проектот е Црвениот Крст на Македонија, Општинска организација Охрид, а партнери се општина Дебрца и Алпинистичкиот клуб „Патагонија” од Охрид од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Градот Грамш, регион Елбасан, Албанија, брои околу 9000 жители и е центар на истоимената општина, со околу 36.000 жители. За таа цел се оствари...

Continue reading

Во Охрид и Дебрца изборниот процес се одвива непречено и во демократска атмосфера

Post Views: 4 Изборниот процес на денешните Локални избори во општините Охрид и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места. Од ОИК на Охрид и Дебрца информираат дека сите избирачки места во двете општини се отворени навремено и изборниот процес се одвива согласно правилата и протоколите. Од она што беше соопштено од ОИК има мали потешкотии во процесот поради апаратите за отпечатоци кои го забавуваат изборниот процес, јави МИА. Инаку, во општина Охрид се евидентирани вкупно 52.426 граѓани со право на глас, кои своето изборно право ќе можат да го...

Continue reading

Се чистат дивите депонии во Дебрца

Post Views: 5 Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут. Активностите започнаа со чистење на една од најголемите депонии, просторот во месноста наречена „Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Станува збор за простор кој со години е деградиран со најразличен вид на отпад, велат од општината поради што е вклучена и механизација за средување на теренот. По завршувањето...

Continue reading

Реализација на градежни проекти низ општина Дебрца за водоснабдување

Post Views: 1 Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини. Официјално започна изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое нема водоснабдителен систем. Проектот предвидува изградба на доводен цевковод од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 2586,60 метри, при што ќе бидат поставени полиетиленски водоводни цевки, PE 100 од 10 bari со DN 90,...

Continue reading

Продолжуваат истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет во Дебрца, „Требенишко Кале“

Post Views: 11 Филозофскиот факултет од Скопје минатата година спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжуваат истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет, Требенишкото Кале. Деновиве градоначалникот Зоран Ногачески ги прими Проф.Др.Виктор Лилчиќ Адамсен и неговиот тим, кои го информираа за сознанијата од нивната работа на терен. Според нив, сознанијата од истражувањата илустрираат околу 1800 години живот во континуитет и ако се додаде архајскиот период, или како што вели почитуваниот професор Лилчиќ “периодот...

Continue reading

Оштина Дебрца доби туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото Блато „Сини Вирој”

Post Views: 10 Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” Охрид, потпишаа договорот за донација, со кој на општина Дебрца на трајно владение и се предадени туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото Блато „Сини Вирој” и тоа: -објект: “Набљудувачница”, поставен во м.в. “Ветерник”,-два објекти: “Видиковец” ,поставени во м.в.”Воденичиште” и м.в.”Сини Вирој”,-пет објекти: “Информативен знак”, поставени во м.в.”Ветерник”, м.в.”Чавлиева Краста”, м.в.”село” , Белчишта ( два ) и м.в.”село”, Ново Село,-објект: “Брендирана автобуска постојка”...

Continue reading

Водата за пиење од селските водоводи во Дебрца не е сподоред законските стандарди

Post Views: 0 Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески . „Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на Центарот за...

Continue reading

ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела

Post Views: 2 Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела. Градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. „Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – изјави...

Continue reading

Крцоски : Дебрца ќе биде пријатно место за живеење и нема да има миграција село-град

Post Views: 2 Дебрца е дом на нашите деца и на нашите предци. Факт е дека се соочуваме со одлив на жители кои мигрираат од село кон град поради што потребни се мудри и стратешки одлуки со кои на граѓаните ќе им ги понудиме истите удобства што би ги имале во градот надополнети со природните убавини кои ги нуди Дебрца, вели Игор Крцоски, кандидат за градоначалник на Дебрца од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Во соработка со месните одбори, ги собравме на едно место сите проблеми и можни решенија и врз основа на нив изградивме приоритетна листа на проекти при што акцент...

Continue reading

Силјаноски ветува подобри услови за живот и економски просперитет за Дебрца

Post Views: 15 Време е да се спротиставиме на несовесното работење и да се фокусираме да ја направиме Дебрца напредна општина за сите граѓани без поделби, порача Сашо Силјаноски, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на Вмро Дпмне. Дојде време кога Дебрца треба да ја водат чесни и одговорни луѓе, да се стави крај на нетранспарентното работење и фаворизирање на поединци кои го гледаат личниот интерес – истакна Силјаноски. Пред граѓаните ќе имаме должност да се вклучиме во обнова на општина Дебрца со низа проекти. Инвестициите и субвенциите на жителите кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top