Tag: Дебрца

Силно невреме ја опустоши Горна Дебрца

Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град. Врнежите од град наместа беа со големина од лешник, јавуваат жителите. Посебно се погодени селата на Горна дебрца каде се речиси во целост опустошени земјоделските култури, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, потенцирајќи дека само за неколку часа, температурата паднала за цели 20 степени.

Continue reading

Oд денес теренска вакцинација во Дебрца

Од денес започува теренската вакцинација во Дебрца. Ревакцинацијата во вакциналниот пункт во Охрид. Термини за ревакцинација : ВТОРНИК 03.08 2021Оровник- 08.00 – 09:00Горенци- 09:15 – 10:15Требеништа – 10:30 – 11:30Волино – 11:45 – 12:45 СРЕДА 04.08.2021Белчишта и Горно и Долно Средоречје- 08:00 – 9:00Злести – 9:15 – 10:15Ботун 10:30 – 11:30 ЧЕТВРТОК 05.08.2021Лешани и Грко Поле – 08:00 – 09:00Велмеј и Брежани – 09:15 – 10:15Мешеишта – 10:30 – 11:30 ПЕТОК 06.08.2021Климештани 08:00 – 08:30Црвена...

Continue reading

Јавен Повик: За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2021 година, број 01-1297/1, од 20.07.2021 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2021 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/20 ) се објавува следниот : ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година Опис на јавниот повик 1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди...

Continue reading

Општина Дебрца: Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца. Покрај барањето секој барател треба да достави: копие од лична карта со изјава за користење на личните...

Continue reading

Започнува теренската вакцинација во Општина Дебрца

Се известуваат граѓаните на општина Дебрца дека почнувајќи од денес 12.07.2021 година ЈЗУ Здравствен дом Охрид започнува со теренска вакцинација против Ковид 19 вирусот, без претходно закажување. Вакцинацијата ќе се врши со вакцини од производителот Sinovac. Вакцинацијата ќе се врши во објекти на општината,месните заедници и основните училишта, по следниот распоред.

Continue reading

Втора велосипедска тура во Дебрца

Утринава прекрасна беше глетката кај црквата “Св.Спас”, село Годивје, славна Дебрца. Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Втората велосипедска тура во Дебрца, која годинава се вози од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад. -Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија...

Continue reading

По едногодишна пауза поради корона кризата се враќаат и спортските манифестации во општина Дебрца

Деновиве во Лешани заврши Меморијалниот турнир во фудбал “Кире Николоски-Камачо”, а во Мешеишта во тек е 46 ти турнир во мал фудбал “Петровден 2021”. Деновиве во Лешани заврши Меморијалниот турнир во фудбал “Кире Николоски-Камачо”, а во Мешеишта во тек е 46 ти турнир во мал фудбал “Петровден 2021”. Општина Дебрца продолжува да ги поддржува сите спортски манифестации и настани во општината. За меморијалниот турнир во Лешани општината обезбеди 30.000 денари, а за петровденскиот турнир во Мешеишта 60.000 денари.

Continue reading

Обука за локални туристички водичи во Општина Дебрца

Преку мобилна апликација локалното население ќе се запознава со вредноста на биодиверзитетот во Белчишкото Блато. Во Општина Дебрца беше одржана обука за локални туристички водичи со цел зголемување на свеста за вредноста на блатото. Во рамки на прегуграничниот проект „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓугранична област – Conse-pp“ кој се спроведува од македонска и грчка страна беше одржана обука за локални туристички водичи преку која населението се запозна со вредноста на биолошката разновидност во Белчишкото Блато. Обуката беше спроведена во Општина Дебрца...

Continue reading

337.500 денари исплати Општина Дебрца за стипендии

Општина Дебрца изврши исплата на 337.500 денари за ученички и студенски стипендии. Општина Дебрца изврши исплата на 337.500 денари за ученички и студенски стипендии. –Инвестираме во учениците и студентите и нивната мотивација за постигнување на особени резултати во учењето. Ве информираме дека од сметката на општинскиот буџет се исплатени 202.500 денари за ученички стипендии за учебната 2020/2021 година и 135.000 денари за студентски стипендии за студиската 2020/2021 година или вкупно 337.500 денари.-информираат од Општина Дебрца.

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top