Ознака: Дебрца

Настава со физичко присуство во ОУ „Дебрца“ и подрачните училишта

Post Views: 1 На листата на училишта кои добија зелено светло од Комисијата и Владата за одржување настава со физичко присуство на учениците претежно се основни училишта во рурални средини со мал број ученици.  Училиштата ќе треба наставата да ја организираат во две смени. Така, Општина Дебрца доби согласност за ОУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за подрачните  училишта во  селата Оровник, Требеништа, Мешеишта и Ботун. Подрачните училишта во  селата Велмеј,  Злести Издеглавје во оваа општина добија...

Continue reading

Вевчани и Дебрца сакаат настава со физичко присуство

Post Views: 7 Во Вевчани наставата ќе се одвива со физичко присуство на учениците. Дури 96% од  родителите се изјасниле за образование  во училница, само4 % за онлајн учење. Од октомври во училиштето „Страшо Пинџур“  школовањето ќе започне за 200 основци. Надлежните велат се` е подготвено, набавени се  бесконтактни топломери, дезинфекциони средства. Подготвени се протоколи за влегување на учениците низ три засебни влезови. „Во контакт сме со министерството, работат на протоколите. Училиштето во Вевчани ги задоволува сите  услови што ги пропишува комисијата за здравство. Има три влеза...

Continue reading

Зоран Ногачески го почна вториот градоначалнички мандат во Дебрца

Post Views: 2 Зоран Ногачески денеска од ОИК на Дебрца го доби Уверението за избран градоначалник на Општината Дебрца, со што официјално го започнува новиот мандат за периодот 2021 до 2025 година, а врз основа на волјата на граѓаните изразена на Локалните избори. Ногачески и овојпат им се заблагодари на граѓаните на општината за искажаната поддршка и истакна дека сега има уште поголема обврска и одговорност. Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца. Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра...

Continue reading

Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

Post Views: 2 Викендов пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови. Возилото е обезбедено во рамките на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, кој општина Дебрца го спроведува со партнерите – ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Набавката на возилото е финансирана со средства...

Continue reading

Започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”

Post Views: 1 Во намален формат и со учество на ликовни уметници само од Македонија, започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”. Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку олицетворение на уметноста и културата на Дебрца и доказ дека уметноста и културата не се создаваат само во урбаните центри, туку и во руралните средини и на секое место каде што има креативен творечки потенцијал.Уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство. Ars longa, vita brevis, или уметноста...

Continue reading

koektor

Изградбата на регионалниот колектор во Дебрца при крај

Post Views: 9 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Финализира изградбата на регионалниот колектор во општина Дебарца. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалниот колектор за одведување на отпадни...

Continue reading

Старо-нови Градоначалници во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 1 Според неофицијални информации, нов Градоначалник на Општина Охрид е Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Во Дебрца, води независниот кандидат Зоран Ногачески, во Вевчани Спасе Кочовски, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, а во Струга-досегашниот градоначалник, Рамиз Мерко од ДУИ. Повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден кога Државната изборна комисија ќе ги сооошти и конечните резултати.

Continue reading

Излезноста до 13 часот во Охрид е 30,52 % – Дебрца 30,98 %

Post Views: 7 Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид. Според најновите информации од Државната изборна комисија во Охрид до 13 часот на гласање излегле вкупно 15 998 граѓани, односно 30, 52 % од пријавените гласачи. Струга – 11 479  или 18,70 % Вевчани – 1 088 или 52,46 % Дебрца – 1 347 или 30,98 % На Локалните избори за градоначалничката функција во Охрид во трка се двајца кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.  За...

Continue reading

tabla

Нов рок за легализација на дивоградбите во Дебрца

Post Views: 0 Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби. Новиот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби е 31 март 2016 година, а за поднесување на геодетски елаборати до крајот на 2016 година. За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 год. Според последните измени на Законот, барање за легализација на вакви објекти можат да поднесат...

Continue reading

Антикорупциска комисија: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца

Post Views: 2 Владата да се справи со уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца а не локалните самоуправи, побара Антикорупциската комисија. На денешната прес-конференција ова го соопшти Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување корупција по увидот што го направиле во јавните набавки за општина Охрид. При тоа констатирале дека е склучен само еден договор за уривање на дивоградбите. Ивановска кажа дека поради малиот износ на средства со кои располага општината за справување со дивоградбите, ќе се остави впечаток дека се постапува селективно при уривањето...

Continue reading

logo

Што ќе се гради во Општина Дебрца во 2016?

Post Views: 4 На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година. Буџетот на Општина Дебрца е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2016 година. Во Буџетот за 2016 година програмирани се средства со кои што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување...

Continue reading

Во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19

Post Views: 1 Во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени. За период од 01 до 08 мај 2020 г. – Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар Жупа– Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top