Ознака: Дебрца

Општина Дебрца се вклучи во националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021”

Post Views: 7 Општина Дебрца се вклучи во националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021”.Со стартот на националната кампања , која ќе трае до 28 Февруари – Светскиот ден на ретки болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби. „Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и за подигнување на јавната свест ,особена чест ни е и општина Дебрца да се приклучи на кампањата.За таа цел, финансиски ќе ги помогнеме...

Continue reading

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година

Post Views: 9 Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 годинаПартиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет,велат од Општина Дебрца. „Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии.Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници“, стои во повикот. Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови...

Continue reading

Општина Дебрца го доби првото тениско игралиште

Post Views: 6 Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор. За овие активности од буџетот на општината се издвоени вкупно 175.000 денари и тоа за санацијата на балон салата -40.000 денари и за изработка на акрилната подлога на тениското игралиште ( за набавка на специјалните акрилни бои ) -135.000 денари. Ентузијастите од ЗФК “Св.Петар” село Лешани, кои доброволно и без надомест ја изработија акрилната подлога и се иницијатори за формирање на првиот тениски клуб во општина Дебрца. Советот на општината...

Continue reading

Се чистат речните коритa во Дебрца

Post Views: 10 Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места. За првпат по долгогодишен период од Општина Дебрца пристапија кон пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” од село Белчишта па се до вливот во Матицата на Белчишкото Блато. Активностите завршија со чистење на речното корито во центарот на селото. Од општината велат дека будно се следи ситуацијата со врнежите кои се најавуваат и дека ќе се интервенира соодветно настанатата ситуација.

Continue reading

Во Дебрца се чистат дивите депонии

Post Views: 2 Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Во изминатите неколку години неколкупати извршивме чистење на дивата депонија на влезот на село Волино, непосредно до распределителната градба на реката Сатеска. По последното чистење пред 2 месеци фирмата Гарден Центар и Расадник Розенталис на своја сметка изврши заградување на исчистениот простор. Деновиве, со помош на општинската механизација...

Continue reading

Запленети околу 4000 пиротехнички средства во Дебрца

Post Views: 0 На 23 и 24.12.2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани Г.В.(39) од с.Белчишта, општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г.(46) од с.Србјани, кичевско, сопственик на маркетите, затоа што при претрес во нив извршен со судска наредба и во координација со Јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства. Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Continue reading

70 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИОТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОХРИД И ДЕБРЦА

Post Views: 3 Со пригодна свеченост беше одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. На свеченоста на Општина Охрид и беше врачена Плакета со благодарност за досегашната успешна соработка. Плакетата во име на локалната самоуправа ја прими Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид, која во оваа прилика истакна.   – Ја имам таа чест и задоволство во името на Општина Охрид и во свое лично име, да Ви заблагодарам за укажаната чест и да ви посакам долговечост, добро здравје и успешно спроведување на вашите активности. За пензионерите...

Continue reading

Влада: Oпштините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО

Post Views: 4 Владата на Република Северна Македонија последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот...

Continue reading

Завршена првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа, Општина Дебрца

Post Views: 4 Завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар. Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води, информира на својот фејсбук профил градоначалникот Зоран Ногачески. Вкупната вредност на работите...

Continue reading

ПРОДОЛЖУВААТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЗАФАТИ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Post Views: 3 Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото. Станува збор за асфалтирање на три локални улички во Мешеишта со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе се вгради 820 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун...

Continue reading

ОПШТИНА ДЕБРЦА НАБАВИ СПЕЦИЈАЛИЗАРАНО ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД

Post Views: 0 Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни. Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше...

Continue reading

Општина Дебрца се впиша во регистерот на производители на електрична енергија

Post Views: 2 Општина Дебрца доби решение за регистрација на фотоволтаични соларни системи. Со тоа се впиша во регистерот на прозиводители на електрична енергија со соларни панели. Панелите се поставени на две подрачни училишта во Белчишта и Требеништа и на административната зграда во Белчишта, информира градоначалникот Зоран Ногачески. „Општината досега беше потрошувач на електрична енергија, сега има објекти кои се јавуваат како производители на електрична енергија со помош на сончевата енергија. Тоа ќе значат дополнителни заштеди и за училиштата и за општината“. Директорот за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top