Ознака: Дебрца

И оваа учебна година бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца”

Post Views: 0 Општина Дебрца и оваа учебна година продолжи продолжи со спроведување на мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат беше воведена минатата учебна година. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година, а средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.Со оваа мерка локалната самоуправа сака малку да го растерети семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцира социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците. И оваа година продолжува спроведувањето на другите мерки: бесплатна...

Continue reading

Во Црвена Вода, Дебрца, се подготвува голема прослава на 3. Октомври, Денот на издавањето на Манифестот до македонскиот народ

Post Views: 2 Мештаните од село Црвена Вода, заедно со општина Дебрца, Организацијата на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца, интензивно се подготвуваат за големата прослава, на 3 октомври, по повод одбележувањето на Денот на издавањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, ден, кој се слави и како Патронен празник на општина Дебрца. Очекуваат масовно присуство, но и учество на највисоките државни раководители, за што испратија соодветни покани. -Ќе бидат поканети и очекуваме присуство на амбасадорите...

Continue reading

Општина Дебрца доби значаен спортско-рекреативен настан

Post Views: 0 Во Општина Дебрца се одржа првата велосипедска Тура, Славеј Планина и Караорман. На турата учество зедоа четириесетина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од велосипедски клубови и индивидуалци од цела Македонија. Во организација на, Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв”, Скопје, во Општина дебрца се одржа првото издание на велосипедската тура Славеј Планина – Караорман. Општина Дебрца во целост го поддржа овој спортско-рекреативен настан и за таа цел оваа година помогна да се санираат шумските патишта, каде поминува рутата, а од идната година овој настан...

Continue reading

Земјоделците од Охрид и Дебрца ги добиваат картичките за „зелена нафта“

Post Views: 4 Деновиве во просториите на Општина Дебрца во присуство на Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и Раководителот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Подрачна единица Охрид Сашо Суклоски, вработените во подрачната единица на министерството започнаа со доделување на картичките за мерката „зелена нафта“ за земјоделците од подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Со оваа мерка се врши субвенционирање на 30% од трошоците за набавка на гориво. Со тоа се врши значително намалување на производствените трошоци , земјоделците имаат поекономично...

Continue reading

УВАЖЕНА ЖАЛБАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗГРАДБА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Post Views: 10 Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Општината добила позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје. Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието...

Continue reading

opstina debrca

Општина Дебрца работи транспарентно

Post Views: 0 Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца. Низ двегодишниов период сведоци сме на огромен број реализирани проекти кои се од витално значење за Општина Дебрца. Таквиот принцип на работа Локалната самоуправа го продолжува и понатаму па својствено на тоа, во оваа прилика, како Градоначалник на Општина Дебрца би сакал да Ви ги најавам и следниве круцијални проекти кои ќе започнат со реализација: Прв проект-Канализација во с. Велмеј. Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак,...

Continue reading

Одобрени проекти од програмата за рамномерен регионален развој и за Општина Дебрца

Post Views: 4 Градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села. Со средства од програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини....

Continue reading

akcija

Учениците и вработените од ОУ „Дебрца” засадија 300 садници

Post Views: 5 По повод Денот на дрвото-Засади ја својата иднина учениците заедно со вработените од ОУ ,,Дебрца” с. Белчишта и вработените во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Г-дин Игор Трајкоски засадија повеќе од 300 декоративни садници. Беа засадени садници од  чемпрес и други украсни дрва на локации во училишните дворови како и на територија на Општината. {loadposition content9}  

Continue reading

Igor Trajkoski

Наскоро повеќенаменско спортско игралиште во село Оровник

Post Views: 1 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото. Изведувач на работите е АД ,,Илинден,, Струга. Исто така се планира и  изградба на асвалтен полигон заграден со метална конструкција и мрежа. Во тек е првата фаза од изградбата асвалтирање на полигонот. {loadposition content9}

Continue reading

Јубилејно 35-то издание од Интернационалната Ликовната Колонија „Дебрца” 2019

Post Views: 4 Интернационалната Уметничка колонија “Дебрца” – Белчишта, преставува најмасовна културна манифестација во општината Дебрца. Активно постои 35 години. Редовно се одржува во летниот период јуни/јули. На колонијата учествуваат 12 – 15 учесници кои творат исклучиво на територијата наДебрца. На колонијата досега зеле учество преку 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји. Создадени се преку 500 уметнички дела кои...

Continue reading

ВО ВТОРНИК ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ПЧЕЛАРИТЕ ВО ДЕБРЦА ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Post Views: 1 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита. Граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Дебрца во вторник, на 18 јуни да ги заштитат своите пчели бидејќи Центарот за јавно здравје ќе спроведува земјена дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 06...

Continue reading

МТC е задолжено да изработи инвентар на нелегални градби за Охрид, Струга и Дебрца

Post Views: 2 Владата на Република Северна Македонија вчера ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион. Притоа Владата го задолжи Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во соработка со Канцеларијата на Премиерот да формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции којашто ќе постапи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top