Општина Дебрца доби значаен спортско-рекреативен настан

Во Општина Дебрца се одржа првата велосипедска Тура,  Славеј Планина и Караорман. На турата учество зедоа четириесетина  вљубеници на планинскиот велосипедизам, од велосипедски клубови и индивидуалци од цела Македонија.

 |   | 

Во Општина Дебрца се одржа првата велосипедска Тура, Славеј Планина и Караорман. На турата учество зедоа четириесетина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од велосипедски клубови и индивидуалци од цела Македонија.

Во организација на, Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв”, Скопје, во Општина дебрца се одржа првото издание на велосипедската тура Славеј Планина – Караорман. Општина Дебрца во целост го поддржа овој спортско-рекреативен настан и за таа цел оваа година помогна да се санираат шумските патишта, каде поминува рутата, а од идната година овој настан ќе влезе во годишните програми на општината.

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се магнет за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.

Учесниците иимаа можност покрај да го развиваат спортскиот и натпреварувачки дух да уживаат во недопрената природа во пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, каде поминува рутата, во должина од околу 45 км и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top