Ознака: Дебрца

Заживуваат одамна напуштените родни огништа во општина Дебрца

Post Views: 2 Во општина Дебрца се забележуваат се поголем број на повратници од градовите, информира Зоран Ногачески градоначалник на оваа општина. Според изреката на старите „секое зло за добро“ во изминатиов месец се забележува дека во сите села луѓето се враќаат на татковите огништа, додава дека во ова време на пандемија луѓето од домашниот карантин по градовите бегаат во природа на село. „Мислам дека искуствено од оваа ситуација која настана луѓето треба полека да се враќаат назад на родното огниште, да се вратат назад во природата. Можеби и ова е една таква порака која што ни...

Continue reading

Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба

Post Views: 1 Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина Дебрца,...

Continue reading

Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца

Post Views: 0 Се известуваат граѓаните на Дебрца дека на територијата на општина Дебрца функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со посебни потреби да им излезат во пресрет за прехранбени производи, продукти за хигиена и лекови или доколку имаат потреба од помош или било каква друга поддршка. Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви: Ана Аврамоска071 359 578anavramoska@gmail.com Даниел Паункоски078 281 772daniel.paunkoski@yahoo.com Даниел Ристески078...

Continue reading

Во Општина Дебрца на диво се одлага комунален отпад од друга општина

Post Views: 2 Викендов на територијата на општина Дебрца, на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад (земја, шут и слично), кој се црпи по трасата на Автопатот А2 (во изградба) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички. По пријавата градоначалникот на општина Дебрца веднаш излегол на лице место, каде констатирал дека во одлагалиштето за инертен отпад е депонирано одредено количество на комунален отпад. Во текот на денот на истото место увид извршиле и претставници на Координативното тело и месните...

Continue reading

trenerki

Фондацијата „Вржоски“ со донација за учениците од Дебрца

Post Views: 9   Во Општина Дебрца се оствари средба со претставници од фондацијата “Вржоски„ основана од г-дин Крис Вржовски од Перт Западна Австралија. Од страна на фондацијата на примерните Ученици во основното училиште Дебрца им беа доделени 12 комплети тренерки. Со оваа скромна донација тој на учениците им посака успех во образовниот процес. Оваа донација беше организирана од почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија г-дин Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца и Директорот од ОУ Дебрца.

Continue reading

sredba

Во Дебрца се одбележува Детската недела

Post Views: 1 Под мотото „Сите заедно до подобро утре“, од 5-ти до 9-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела. По тој повод во посета на локалната самоуправа во општина Дебрца беа ученици од прво до петто одделение заедно со нивните наставници. При посетата учениците накратко се запознаа со работата на Градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата со цел истите да се поттикнат самоиницијативно да размислуваат за своите права.

Continue reading

МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Post Views: 0 Од денес, 11.03.2020 година ( среда ) во наредните 14 дена сите основни училишта, средни училишта, факултети и предучилишни установи ( детски градинки ) на територијата на Македонија, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот. Согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во споменатиот рок од 14 дена. Времениот прекин на наставата ќе се почитува и во ОУ “Дебрца” – Белч...

Continue reading

Со средства од ЕУ ќе се гради еко музеј во Дебрца

Post Views: 1 Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта. Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра. Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” и Шумарски факултет – Скопје , а од грчка страна, општината Терми и за Институтот...

Continue reading

Општина Дебрца со над шестотини илјади евра ќе ја подoбрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 1 Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески. „Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.   Општината со ресорното...

Continue reading

Општина Дебрца во трајно владение две нови автобуски постојки

Post Views: 4 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески од проектниот координатор Ѓоко Зороски прими во трајно владение две нови автобуски постојки во селата Белчишта и Ботун. Постојките информираат за Белчишкото Блато, кое е природен бисер во овој дел од државава. Со оваа активност Општина Дебрца се вклучува во одбележување на Светскиот ден на блатните живеалишта, кој оваа година се слави под мотото: Блатните живеалишта и биодиверзитетот. Целта на оваа инфраструктура е остварување, унапредување, промоција и поддршка на активностите на проектот “Подобрување на управувањето...

Continue reading

logo

Патувачко кино во Дебрца

Post Views: 11 Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проектот патувачкото кино, од 10-ти до 22 август ќе се одржува во Општина Дебрца, Охрид. Целта е непосредно да се влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да се овозможат кино проекции во мали и рурални места. Ќе се прикажуваат кино проекции во Волино, Белчишта, Издеглавје, Мешеишта, Слатино, Ботун, Злести, Оровник, Лешани и Велмеј. „МакеДокс“ шеста година по ред со своето патувачко кино ги посетува подзаборавените региони во Македонија.  

Continue reading

Во општина Дебрца ќе се градат две соларни централи

Post Views: 3 Потенцијалите со кои располага општина Дебрца ќе бидат ставени на користење за локалниот економски развој на оваа рурална општина. Во таа насока, изградба на две соларни централи, се дел од адутите кои ги има локалната самоуправа, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Општина Дебрца го презеде управувањето со градежното земјиште и по завршување на парламентарните избори, од на пролет, веќе се очекува да се преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија. „Сакам да потенцирам дека во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови, треба да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top