Во Општина Дебрца на диво се одлага комунален отпад од друга општина

Викендов на територијата на општина Дебрца,  на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад (земја, шут и слично), кој се црпи по трасата на Автопатот А2  (во изградба) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички.

 |   | 

По пријавата градоначалникот на општина Дебрца веднаш излегол на лице место, каде констатирал дека во одлагалиштето за инертен отпад е депонирано одредено количество на комунален отпад.

Во текот на денот на истото место увид извршиле и претставници на Координативното тело и месните заедници од околните села, со кои телефонски контактирал градоначалникот.

Со оглед на тоа дека за одлагалиштето одговорни се ЈП за државни патишта, како инвеститор, Градежниот институт Македонија, како надзорен орган и АД Илинден, како изведувач, до сите три субјекти денес испратена е претставка со барање депонираниот комунален отпад да се отстрани од одлагалиштето и најостро предупредување во иднина да не се дозволи во одлагалиштето да се депонира комунален и друг вид на отпад од било кој субјект, и е побарано проблемот да се реши на институционален начин.

Ногачески најавува дека доколку тоа не се направи, против субјектите одговорни за управување со одлагалиштето ќе ги преземе сите со закон дозволени правни средства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top