Втор круг на гласање ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Според неофицијални информации, втор круг на гласање за Локалните избори ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.

 |   | 

Според неофицијални информации, втор круг на гласање за Локалните избори ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.

Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ, победник во првиот круг, заедно со Константин Георгиески од СДСМ ќе бараат доверба од охриѓани за наредните 4 години, во вториот круг за 14 дена.

Во Струга во вториот круг на Локалните избори, довербата на стружани ќе ја бараат Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива.

И во Дебрца ќе има втор круг на Локалните избори. Довербата на Дебрчани ќе ја бараат Зоран Ногачески, независен кандидат и Игор Крцоски од СДСМ.

Во Вевчани довербата ќе ја бараат Спасе Кочовски од ВМРО ДПМНЕ и Сашо Јанкоски од СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top