Силјаноски ветува подобри услови за живот и економски просперитет за Дебрца

Сашо Силјаноски, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на Вмро Дпмне ја бара поддршката на Дебрчани со неговата визија за развој на општината. Најави проекти со кои ќе се подобрат условите за живот и ќе имаат економски просперитет за општината.

 |   | 

Време е да се спротиставиме на несовесното работење и да се фокусираме да ја направиме Дебрца напредна општина за сите граѓани без поделби, порача Сашо Силјаноски, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на Вмро Дпмне.

Дојде време кога Дебрца треба да ја водат чесни и одговорни луѓе, да се стави крај на нетранспарентното работење и фаворизирање на поединци кои го гледаат личниот интерес – истакна Силјаноски.

Пред граѓаните ќе имаме должност да се вклучиме во обнова на општина Дебрца со низа проекти. Инвестициите и субвенциите на жителите кои произведуваат храна, како и подобрување на условите за живеење ќе имаат значаен придонес за развој на општината, кажа Силјаноски во своето обраќање, а издвои неколку значајни проекти.

Субвенции за земјоделците од буџетот на општината, отворање канцеларија за едукација на земјоделците и за помош при подготовка на документите за субвенции, отворање противпожарна станица, отворање на аптека во просторија под закуп од општината, отворање на современа амбуланта, медицински персонал достапен 24 часа како и амбулантно возило – додаде Силјаноски.

Со најавата на овие проекти со кои Силјаноски ја бара поддршката на Дебрчани, најави и отворање на фабрики од заинтересирани инвеститори за преработка на компири, производство на концентрат од цреши и инвестирање во дрвната индустрија.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top