УЈП не одмара за време на летната сезона

Post Views: 11 Давателите на услуги од туристичкиот сектор а посебно угостителските објекти под засилена контрола на УЈП. Управата летово одблиску ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места . „Сакаме да апелираме, во овој период на масовно користење на годишни одмори и кога имаме наплив на туристи, да не се опуштаат даночните обврзници. Редовно да издаваат фискални сметки, редовно да ги пријавуваат даноците затоа што УЈП планира засилен мониторинг посебно во туристичките места.“ – вели Злате Муневски...

Continue reading

Од утре овластени лица и полиција на рампите

Post Views: 3 Локалната самоуправа работи во интерес на сите граѓани и во таа насока ги носи решенијата. Проектот со редуцирање на сообраќајот и ограничувањето на влезот во стар град со рампи е добро решение и во иднина ќе се работи на негово подобрување. Ова беше кажано денеска на прес конференција од страна на Зоран Шикалоски од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици. Тој призна дека системот кој почна да функционира вчера има проблеми. „Имавме одредени проблеми и несогласувања посебно кај Горна Порта. Знаете дека на тој потег и без рампи сообраќајот се одвива отежнато...

Continue reading

Во пораст авантуристичкиот туризам во охридскиот регион

Post Views: 1 Два повици за помош во различни ситуации, во еден ден, пристигнале до охридските волонтери за спасување на планина. Параглајдерски тандем не можел безбедно да слета заради лошите временски услови, а млад брачен пар од Естонија останале на планината Галичица откако им се расипло теренско возило, информира Антонио Додевски, професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи. Во авантуристичкиот туризам ситуациите излегуваат од контрола и има потреба од специјални тимови, појаснува Додевски. „Како што кажав два повици...

Continue reading

Пет најглупави изуми со кои станале милионери

Post Views: 1 Во капитализмот се чини дека за се има пазар, а ова се петте најглупави изуми на кои некои луѓе добро се збогатиле. Топчето Koosh – Топчето koosh го изумил уште во 80-те Scott Stillinger. Идејата била едноставна и сакал да изработи топче кое се фаќа едноставно па така го создал гуменото топче со реси со кое за кратко време станал милионер. Перница која може да се стави во микробранова печка – Претприемачката Kim Lavine во 2002 година дизајнирала перница која може да се загрее во микробранова печка и тој изум ја сменил нејзината финансиска состојба. Пред изумот нејзиниот...

Continue reading

Петков – „човекот амфибија“ постави нов светски рекорд во Охридско Езеро

Post Views: 7 Јане Петков од Петрич,  Бугарија, познат како „човекот амфибија“ денеска во Охридското езеро постави нов светски рекорд во пливање врзан со ланци и во вреќа. Со оваа несекојдневна атракција Петков по втор пат ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди а со тоа и Охридското Езеро во чии води за прв пат го постави рекордот во 2013 година.  „Многу добро се чувствувам . Среќен сум што сите заедно успеавме да го подобриме рекородот. Ова е значаен датум за Охрид и за Петрич. Немав поголеми проблеми. Освен студената вода и брановите поради кои ми се наруши дишењето на дел...

Continue reading

ubistvo

МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче

Post Views: 1 Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје. До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство. Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не успеал...

Continue reading

Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина

Post Views: 0 Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ, рече...

Continue reading

peace corps

Мировниот Корпус Македонија носи нова група волонтери во земјава

Post Views: 0 Нови волонтери на Мировниот Корпус доаѓаат во земјава. Оваа независна американска владина агенција веќе 17 години испраќа свои волонтери во земјите ширум светот како би работеле на унапредување на заедниците. Во Македонија тие работат на спроведувањето на две програми. Едната се однесува на унапредување и развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта, додека другата програма е за развој на заедниците, локалните самоуправи, општините и невладините организации. Волонтерите на Мировниот Корпус во нашата држава престојуваат по две години, а доаѓаат...

Continue reading

За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд

Post Views: 0 Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка...

Continue reading

„Беса транс“ недостапна за инспекцијата

Post Views: 4 Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, изјави директорот на ДИТ Руфат Хусеини. Тој за МИА вели дека не можеле да направат инспекција дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон. Хусеини вели дека сега ќе достават писмен допис и ќе закажат термин за сопственикот да ги пречека и да ја отвори канцеларијата. Ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството...

Continue reading

Средба Спасовски – Нухоџиќ: Заедно на пат кон ЕУ

Post Views: 2 Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора треба да се искористат за соработка во сите области од заеднички интерес а посебно во делот на интеграциските процеси во ЕУ. На средбата на двајцата министери за внатрешни работи на Македонија и Црна Гора, Оливер Спасовски и Мевљудин Нухоџиќ ,што се одржува во Охрид, било договорено преку заеднички работни групи, да да се соработува во пристапните преговори во делот на ЕУ и да се искористат искуствата на Црна Гора како 29та членка на НАТО. „За нас исклучително важно беше да договориме како да ги искористиме позитивните...

Continue reading

Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот Ден за Прва помош

Post Views: 4 Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top