• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд

За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд

 За Јане Петков,  човекот амфибија, струењето на водите во Охридското  езеро е многу важно за  поставување на утрешниот Гинисов рекорд. Петков ќе  плива 3 и пол километри од Горица три до градското пристаниште со врзани екстремитети  во вреќа. За безбедноста на Јане ќе се грижат неколку лекарски тимови и спасители на вода, а пливањето ќе го надгледуваат судии и претставници од Гинис.

 |  Валентина Неловска  | 

Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка од ОО ЦК кои се организатори на настанот, од локалните власти од Охрид и Петрич. Струењето на студените води во езерото за Петков е еден од најважните фактори за остварување на неговиот потфат, а драгоцени знаења за нив добил од охриѓанецот Стефан Момироски, напоменува Петков.

„ Најважно ми беше да ги откријам студените струења на водата од кои зависи успехот, а не дали ќе испливам 3,5 км. Подговен сум да испливам и 4 и 5 км, но струењето на водите во Охридското езеро се менува спрема климатските услови во текот на денот. Некогаш кога пливам од Струга доаѓаат студени струи, а друг пат има спротиви струења. Сега ги проучив благодарение на Стефан кој е голем стручњак ,“ вели Петков.

Петков, утре ќе стартува во 9.30 минути од Горица 3, а се очекува во 13.30 мин да доплива на градското пристаниште. За рекордот да биде поставен беспрекорно се грижат неколку стручни тимови, информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК.

 

 

„За безбедноста на Јане ќе се грижат 3 тима спасители на вода, 4 медицински тимови и пропратни екипи на судии. Целиот настан ќе го следат од Гинис за да се објави како официјален светски рекорд“, подвлекува Точков.
Од името на Методи Брчков,градоначалникот на Петрич, Евгениј Илиев, претставник на општината, упати благодарност до ОО ЦК и Локалната самоуправа Охрид.

„ Како претставници од локалната власт на двете држави , докажуваме дека добро соседските може да имаат најразлични форми на соработка. Тоа општо дело ќе биде продолжение на договорот кој го потпишавме за соработка меѓу двете држави,“ истакна Илиев.

Јане Петков, светски познат како човекот амфибија, со својот необичен пливачки зафат привлекува огромно внимание не само во Македонија и Бугарија туку и пошироко. На утрешниот настан се покануваат охриѓани и гостите да дојдат на пристниште и да го поздрават бугарскиот пливач.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top