УЈП не одмара за време на летната сезона

Управата ќе го ангажира целиот свој капацитет со цел да спречи непријавување на промет. Целта е да се подигне даночната дисиплина и во сред сезона да не се изрекуваат забрани за обавување на дејност поради неиздавање фискални сметки.

 |   | 

Давателите на услуги од туристичкиот сектор а посебно угостителските објекти под засилена контрола на УЈП. Управата летово одблиску ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места .

„Сакаме да апелираме, во овој период на масовно користење на годишни одмори и кога имаме наплив на туристи, да не се опуштаат даночните обврзници. Редовно да издаваат фискални сметки, редовно да ги пријавуваат даноците затоа што УЈП планира засилен мониторинг посебно во туристичките места.“ – вели Злате Муневски – регионален портпарол на УЈП.

УЈП ќе го ангажира целиот свој капацитет се со цел да спречи затајување на данок односно непријавување на прометот.  Кога наплатата на данокот е под очекуваното ниво УЈП ја следи ситуацијата на терен.

„Превентивната активност има за цел да ги предупреди, да им укаже дека УЈП ја следи ситуацијата, дека прометот не е на задоволително ниво. При следењето на прометот сме констатирале одредени причини, дали се тие оправдани, на терен гледаме и колкаво е нивото на туристи, дали во ресторанот има гости.“ – кажува Муневски.

Прометот се следи и преку ГПРС системот и управата многу лесно може да утврди дали во некој локал кој што е преполн со гости се издаваат фискални и тоа се следи онлајн.  Целта е да се зголеми  даночната дисциплина кај обврзниците, особено за време на летната туристичката сезона,  за да не се доведат обврзниците во ситуација да им се изрекуваат глоби и најнепосакуваната мерка  во сезона да се изрече затворање на локалот при што ќе им трпи бизнисот и угледот.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top