Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина

 Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина. Опремата  е добиена преку фондовите на ЕУ како  заеднички проект за прекугранична соработка за брзи  интервенции во ризични ситуации за спасување. Со тоа  регионот од двете страни на Охридското езеро ќе биде ставен на светскиот туристички пазар како привлечна дестинација безбедна за авантуристички туризам. 

 |  Валентина Неловска  | 

Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија.

Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ, рече во своето обраќање Никола Бертолини, раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. За опремување на двата центри се искористени над 300 илјади евра од фондовите на ЕУ.

„ Во рамките на оваа финансиска поддршка ние инвестираме 12 милиони евра за развој на овој регион. Ова се програми од кои корист имаат луѓето, се разменува култура помеѓу регионите и земјите. Толеранцијата, соработката и коегзистенцијата се наоѓаат во срцето на овие развојни програми“, истакна Бертолини.

Проектот за меѓугранична соработка, за опремување на двата центри за спасување на вода и на планина, е заеднички успех на ОО ЦК од Охрид и Поградец.

„ Целта на проектот е да го направиме регионот безбедна дестианција. Она што не можат да го направат туристичките работници, водичите,да го направиме ние. Охридсиот регион да е безбедна дестинација за да можат туристичките работници да се пробиваат на светкиот туристички пазар“, подвлекува Додески.

Сухејл Фазлиу , министерот за Локална самоуправа на РМ го поздрави успешниот проект добиен од програмата за прекугранична соработка кој како што рече има за цел да ја збогати туристичкат понуда преку развивање на алтернативни форми на туризмот.

„ Го поздравувам иновативниот пристап и идеја да се поттикне развојот во областа на туризмот преку разновидна понуда и повисок квалитет на сулугите. Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантираат и безбедност.Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба“, рече министерот Фазлиу.

Јован Стојаноски, охридскиот градоначалник, рече дека овој проект е резултат на заедничката соработка и добососедски односи со кои двете држави чекорат кон ЕУ. Охридскиот регион со вакви проекти ќе биде зацран како безбедна дестинација на туристичката карта.

„ Подобрувањето на квалитетот на туристичката понуда значи и правец на привлекување гости со нова форма на туризам. Со тоа нашите природни вредности со кои Охрид е ставен на картата на Унеско ќе бидат валоризирани, искористени и ќе се зголеми туристичкиот промет“, истакна првиот човек на градот.

Абдула Цано, заменик градоначалникот на Поградец, истакна дека овој проект е доста значаен за Поградец. Досега на Охридското езеро од албанската страна недостасувал ваков вид на менаџирање и управување со опасности за време на туристичката сезона.

„Затоа главната цел на денешната презентација е да се придонесе во развојот на туризмот со прекугранична соработка меѓу Охрид и Поградец за да има поголема безбедност на странските и домашните туристи“, напомена Цано.

Проектот од македонска страна опфаќа и целосно реновирање и адаптирање на простор каде ќе биде сместен Центарот за спасување на планина, лоциран во близина на Автобуската станица кај магацините на Црвен крст. Тука ќе бидат сместени оперативниот и транспортниот центар. Со тоа се создаваат услови охридско струшкиот регион да добие служба за спасување на планина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top