Post Views: 1
Елшанци здивнаа од еден проблемРешавањето на овој проблем е само еден од повеќето инфраструктурни проблеми кои ги мачат елшанци. Тие бараат подобар асфалтен пат и водоводна мрежа. Градоначалникот ветува дека со добивањето на поголеми надлежности со влезот во втора фаза на децентрализација, Локалната самоуправа и понатака ќе ги решава проблемите на граѓаните. Општина Охрид ќе се грижи за подеднаков развој на градските населби и рурални средини, потенцира градоначалникот.„Една држава оди напред кога секој граѓанин ќе се изјасни за трошењето на парите од државната...
Post Views: 10
Студентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело.
Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност...
Post Views: 30
Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора. За спречување на ваквите појави Секулоски апелира институциите да пронајдат механзими за контрола и спречување несовесните граѓани од цврстиот отпад да се ослободуваат во езерските води. И додека надлежните не го спречат ваквото...
Post Views: 6
На улицата Димират Влахов, делот зад општинската зграда, кал до гуша. Жителите револтирани на надлежните затоа што со овој проблем се соочуваат веќе трета година и сеуште ни трага ни глас од надлежните за негово решавање.
„Најголем проблем имаме кога ќе врни. Патот е со кал, со кола неможе да се помини од градежни машини. Овој проблем го имаме едно 3-4 години. Се имаме обратено до надлежните органи, но прблемот не се решава додека е во изградба. Ако нема можност да се стави асфалт, барем да се стави тампон за да може да се поминува по самата улица“, вели жител на...
Post Views: 0
Нов блесок на уште еден Охридски талент. Младата Христина Аслимоска пишаниот збор го спакува во една убава книга поезија насловена „Средба со Диоген“. Основен мотив на ова емотивно празнење на Христина е митот за Диоген кој сред бел ден со фенер во раката го бара човекот меѓу луѓето. Младата поетеса вели пишувањето за мене е еден одмор и прибежиште од реалноста. Во предвечерјето на денот кога Охриѓани го чествуваат патронот Свети Климент, своето најново уметничко дело го промовираше младата поетеса Христина Аслимоска. Роднини, пријатели, професори се собраа да го чујат...
Post Views: 17
„Ентити“ со резултат 1:2 загубија во осмина-финалето од екипата „Некст“ од Казахстан, во елиминацискиот дел од натпреварувањата во рамки на Светското првенство во кантер-страјк што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан.
Ова е вторпат охридската кантер-страјк екипа „Ентити“ во состав Јован Каланоски, Анел Цековиќ, Јован Деребаноски, Влатко Сековски и Александар Киселинов, да ја претставуваат Македонија на завршните натпревари односно на финалните „Њорлд Цѕбер Гамес“. Учеството на финалето во Јужна Кореја охридските гејмери го обезбедија победувајќи на квалификациите,...
Post Views: 1
Охридските гејмери Ентити ја пишуваат сајбер историјата. Спектакуларните момци завршија први во својата група на Светското сајбер првенство кое годинава се одржува во Јужна Кореја. Ова е историски успех за Ентити, но и за Македонската сајбер репрезентација. Ова е прв пат после 8 години Македонија да ја помине групната фаза во ова натпреварување. Јован Каланоски-капитен, Јован Деребаноски, Александар Киселинов, Влатко Сековски и Анел Цековиќ-ова е составот на кантер страјк дружината Ентити. Но патот на овие момци не завршува тука. Веќе утре го продолжуваат нивниот победнички...
Post Views: 8
Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.На доделувањето на наградите не присутвуваа ни ...
Post Views: 1
Месната заедница од Куратица му откажува послушност на Охридски комуналец. Доаѓа зимскиот период, па повторно на површина испливаа несогласувањата помеѓу Куратица и јавното претпријатие. Деновиве на официјалната веб страна на Куратица, се појави јавно соопштение во кое се бара од ЈП Охридски комуналец да ја поништи ставката за јавна чистота, за овој дел од Охрид.
Претседателот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски предупредува дека доколку до 26 овој месец Комуналец не се произнесе по ова барање, веќе од 1ви Јануари иднава година тие нема да ги користат услугите...
Post Views: 0
Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова.
Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни.
„Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги...
Post Views: 1
„Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар.
„Од минатиот патронат до овој училиштето продолжи да чекори по патот по кој заедно сме го трасирале наставниците, учениците и целиот колектив, а тоа е пат кон подобри успеси, кон квалитетно образование и не само за подобрување на инфраструктурата на училиштето, туку подобрување на квалитетот...
Post Views: 0
102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска.
„Пресудата не се коментира, туку само се извршува. Дојдоа и извршители и земиштето што е во нивна сопственот им е вратено во владение и веќе е оградено. Да потенцирам дека овде не се работи за денационализација туку тоа е земиште во сопственост на тужителите...