Елшани доби пристапен пат до селскиот резервоар за вода

Елшанци здивнаа од еден проблем. Козјата патека по које  единствено се доаѓаше до  селскиот резервоар за вода  сега е минато и до таму имаат современ приоден пат.  Со помош на секторот за туризам и локален економски развој се овозможи подобрување на инфраструктурата на  приодниот пат. За пробивање на патот секторот на Тлер  издвои околу  200.000 денари.

 |  Валентина Нелоска  | 
tler
tler

Елшанци здивнаа од еден проблемРешавањето на овој проблем е  само еден од повеќето инфраструктурни проблеми кои ги мачат елшанци. Тие бараат подобар асфалтен пат и водоводна мрежа. Градоначалникот ветува дека со добивањето  на  поголеми надлежности со влезот во втора фаза на децентрализација, Локалната самоуправа  и понатака ќе ги решава проблемите на граѓаните. Општина Охрид  ќе се грижи за  подеднаков развој на градските населби и   рурални средини,  потенцира градоначалникот.
„Една држава оди напред кога секој граѓанин ќе се изјасни за трошењето  на парите од државната или општинската каса. Граѓаните треба да влијаат каде  да се трошат парите кои ги издвојуваат од својот буџет во вид на даноци. Ние гоправимеона што граѓаниет го бараат од нас,“ појаснува Петрески.  
Општина Охрид по трет пат  финансиски поддржува микро проекти за  економски и туристички развој на градот. Проектите ги креира и реализира секторот за Тлер. Понатамошна финсиска поддршка за проекти од инфраструктурата и заштиатат на животната средина  се највуваат и  за месните заедници Трпејца и Љубаништа. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top