Игралиштето во угостителско остана без стотина квадрати

102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска.

 |  Татјана Маленкова  | 
igraliste
igraliste

102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска.

„Пресудата не се коментира, туку само се извршува. Дојдоа и извршители и земиштето што е во нивна сопственот им е вратено во владение и веќе е оградено. Да потенцирам дека овде не се работи за денационализација туку тоа е земиште во сопственост на тужителите кои по судски пат си го вратија владението што на некој начин било прекршено – односно одземено“, истакна секретарот на ОСУ Ванчо Питошески, Душко Јаковчески.

JakovceskiЈаковчески додава дека кога виделе дека пресудата е извршна, реагирале веднаш. Доставиле барање до локалната самоуправа, со кое побарале училиштето да влези во развојните програми на локалната за буџетот за 2012 год., за да изградат ново спортско игралиште.

„Одма излегоа во пресрет од локланата самоуправа и веќе е влезено во развојните програми. На последната седница, кога се утврдуваше фискалната стратегија веќе е влезено во тие докумнти и се надеваме дека за многу брзо ќе биде изградено спортско игралиште. Затоа што сега не е целосно одземено, но дел е одземен, и функцијата на истото е намалена“, додава  Јаковчески.
Од училиштето велат дека приоритет на училиштето е да се изгради спортска сала. Додаваат дека ова училиште беше меѓу првите во Македонија кое влезе во проектите кои ги финансира агенцијата за млади и спорт. Но и покрај тоа што одтаму ја имаат подршката, сепак работите ги кочи комисијата за денационализација од каде сеуште испитуваат во чија соспственот е парцелата.    

„Го поднесовме барањето и добивме одговор дека неможат да ни дадат таква поврда се додека не се  заврши постапката за денационализација, затоа што национализацијата е извршена 1960 год. Многу е разбирливо ова атрактивно земјиште да си го побараат поранешните сопственици, доколку има такви“, додава Јаковчески.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top