Лоцирани „жешки“ еко точки на езерското дно

Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го  пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.

 |  Валентина Нелоска  | 
Milutin Sekuloski
Milutin Sekuloski

Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го  пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора. За спречување на ваквите појави  Секулоски апелира институциите да пронајдат механзими за   контрола и  спречување несовесните граѓани од цврстиот  отпад да се ослободуваат во езерските води. И додека надлежните не го спречат ваквото загадување нуркачите од Амфора, како и досега ќе продолжат да ги чистат местата каде што се лоцирани ваквите точки, вели Секулоски. Засега тие места се детектирани во близина на градот, Пештани, Трпејца ,Свети Стефан и Грашница,“ нагласува Секулоски.
cvrst otpad na dnoto od ezerotoЧистење на езерското дно се спроведува од страна на секторот за урбанизам, просторно планирање и животна средина при Локалната самоуправа и нуркачкиот клуб Амфора. Продолжува и проектот за мапирање на жешките точки со цврст отпад на локации  од дното на езерото на крајбрежјето нагласува Хавза Реџеп Какељ од овој сектор. Но, продолжуваат и акциите за нивно чистење како што е случајот во близина на Градиште каде што се евидентирани на езерското дно 10 вреќи  градежен шут. Чистењето се планира да заврши до периодот кога почнува мрестот на охридската пастрмка.
Од Локалната самоуправа не застануваат само со евидентирање на жешките точки на дното на езерото.  Планираат организирање на трибини со месното население со цел подигање на јавната свест. На крајот од оваа календарска година преставници од одделението за заштита на животната средина  заедно со членовите на НК „Амфора“ ќе се сретнат со жителите на неколку населени места на охридското крајбрежје.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top