Наплив на креативност преку свечени тоалети од хартија

Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Креатори на истата се тим на средношколки од општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова. Ревијата беше дел од активностите на училиштето подготвени за патрониот празник.

 |  Татјана Маленкова  | 
toaleti od hartija
toaleti od hartija

Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова.

Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни.  

„Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги споиме за да оствариме некој проект или да реализираме некоја идеја или ново уметничко дело. Така дојдов и до оваа идеја која им ја понудив на учениците. Најдостапен материјал ни беше хартијата, стари весници и списанија кои можевме да ги искористиме, без многу да инвестираме во материјал.“ вели професорката Катерина Слатиноска.
toaleti od hartija
Според она што го видовме синоќа, може да бидеме повеќе од сигурни дека токму во тој тим има идни надежни имиња на кои ќе им подзавидат и познатите модни креатори.

toaleti od hartija

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top