Охридскиот гејмерски состав Ентити пишува историја

Кантер страјк момците од Охрид завршија првопласирани во својата група на светското сајбер првенство во Јужна Кореја. Утрешниот натпревар против репрезентацијата на Казахстан може да ги лансира момците помеѓу петте најдобри екипи во светот.

 |  Мишел Наумоски  | 
entity
entity

Охридските гејмери Ентити ја пишуваат сајбер историјата. Спектакуларните момци завршија први во својата група на Светското сајбер првенство кое годинава се одржува во Јужна Кореја. Ова е историски успех за Ентити, но и за Македонската сајбер репрезентација. Ова е прв пат после 8 години Македонија да ја помине групната фаза во ова натпреварување. Јован Каланоски-капитен, Јован Деребаноски, Александар Киселинов, Влатко Сековски и Анел Цековиќ-ова е составот на кантер страјк дружината Ентити. Но патот на овие момци не завршува тука. Веќе утре го продолжуваат нивниот победнички чекор. Ја пречекуваат репрезентацијата на Казахстан. Доколку победат, Ентити и Македонија ќе станат дел од петте најдобри екипи во светот. Да стискаме палци и да навиваме за нашите гејмери па нека ни се вратат и со медал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top