Post Views: 0
Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле странски туристи во земјава. На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...
Post Views: 4
„Јас излегов на врата слушам некој вика на врата, излегов и комшивката вика. Велам што викаш: ми вели Марика куќава гори, велам како бре, излегувам надвор гледам од прозорциве горе пламен, отидов со трчање го викнав сопругот, тука сме ние во комшии, дојде сопругот, ги извади осигурачите, викнавме пожарна, пожарната одма дојде што е вистина, за пет минути дојдоа, јас се качив горе, да тргнам нешто некои подароци нови од внуками, ама не, беше страшно.“-вели Марика Ристеска-очевидец.
По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот бил изгаснат. За среќа причинета е...
Post Views: 4
Нова снежна покривка го затрупа вчера сработеното. Петнаесетина сантиметри снег им отворија дополнителна работа на надлежните служби. Низ целата држава се работи на расчистување на патните правци. Од Македонија пат добивме информации дека со исклучок на забраната за тешки моторни возила која важи за патот Маврово-Дебар, превоите Пресека и Ѓавато, како и патот Струга-Ќафасан, воглавно сообраќајниците, се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, по коловози со кашест снег. Од Центарот за управување со кризи велат: Во општина Струга сите патни правци што се во...
Post Views: 9
„ВМРО- НАРОДНА нема да згасне. Сега ќе имате работа со вистинското ВМРО“, порача на денешната прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна, Ванчо Костоски.
„Апсолутно не е вистина дека ВМРО-НП згаснува“, информира на денешната прес конференција Ванчо Костоски, претседателот на О.К. на ВМРО-НП. Костоски додаде дека една политичка партија може да престане да постои да дејствува, само со одлука на највисокото тело, односно Централниот Комитет. Само ова тело може да донесе таква одлука, никој друг па, ни претседател на политичка партија. Костоски...
Post Views: 11
И Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче.
„ Се разбира тука работат и трите нови машини кои неодамна ги набавивме, покрај четирите специјални возила за чистење на снегот, посипуваме снег со два трактори и од околу 10 часот изутрина со тешка...
Post Views: 10
Од денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени.
„Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“
„Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани.
Славе Крстаноски, раководителот на...
Post Views: 4
Досегашниот лидер на ВМРО – Народна Партија, Маријан Додовски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ. Според Додовски атмосферата во партијата била неподнослива па морал да преземе чекор со кој радикално би ги променил состојбите. ВМРО Народна повторно ја превзема Љупчо Георгиевски.
Состанокот на извршниот комитет кој првично беше најавен за во сабота, поради итноста е презакажан за вечерва. Членот на Извршниот комитет на ВМРО НП и претседател на ОК, Ванчо Костоски вели дека подолго време биле запознаени со активностите на Додовски и неговите тајни контакти со ВМРО ДПМНЕ и додава ...
Post Views: 0
Блок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието.
„ Поголем проблем имаме во основото образовение....
Post Views: 1
До редакцијата на ТВМ пристигна допис од загрижен родител, во кој тој прашува: Зошто уште се чека промена на стариот директор во охридското училиште Христо Узунов, кога законскиот рок е веќе одамна пробиен? Го запрашавме Серафим Наумовски од секторот за образование при Општина Охрид, кој објасни дека мандатот на назначениот В.Д директор сеуште трае.
„В.Д директорот има право да ја извршува функцијата во период од 6 месеци, нема никакво отстапување и мислиме дека изборот на директор во основното училиште ќе биде благовремено одржан и ќе ги запазиме сите рокови“ вели Наумовски.
Наумовски...
Post Views: 2
Дали најрепрезентативниот остаток од поранешните мочуришта, Студенчишкото Блато, ќе биде споменик на природата? Интензивно се работи на изнаоѓање најдобро решение за заштита на и онака малиот преостанат дел од блатото, кој е од мошне голема важност, како еден природен раритет и составен дел на Охридското Езеро. Студијата за заштита на Студенчишкото Блато, за која охридските советници на последната седница дадоа зелено светло е основна база за понатамошен пристап кон негова ревитализација, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам. Тој додава дека ова...
Post Views: 1
Општина Охрид ја изработи програмата за менаџирање со државното земјиште. Во програмата е определено просторно, како ќе се менаџира земјиштето после добивање на согласноста во неколку делови. Така, ќе има земјиште кое ќе биде отуѓувано, земјиште кое ќе биде давано на долготраен и краткотраен закуп и земјиште реализирано со јавно-приватно партнерство, но строго по урбанистичките планови, објаснува раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов.
„За јавно-приватно партнерство се предлагаат оние објекти кои се од јавен...
Post Views: 1
Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.
Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе...