Студенчишкото блато мора да се спаси

Најсериозна закана за студенчишкото блато е урбанизацијата. Тоа е само една од многуте закани за трајно изчезнување на ова значајно природно богатство. Експертите за оваа проблематика сметаат дека најдобро решение за заштита на остатокот од блатото е тоа да добие правна рамка.

 |  Билјана Николоска  | 
studencisko blato
Студенчишко блато

studencisko blatoДали најрепрезентативниот остаток од поранешните мочуришта, Студенчишкото Блато, ќе биде споменик на природата? Интензивно се работи на изнаоѓање најдобро решение за заштита на и онака малиот преостанат дел од блатото, кој е од мошне голема важност, како еден природен раритет и составен дел на Охридското Езеро. Студијата за заштита на Студенчишкото Блато, за која охридските советници на последната седница дадоа зелено светло е основна база за понатамошен пристап кон негова ревитализација, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам. Тој додава дека ова е само почеток на една поопсежна процедура која мора да помине и низ државните филтри.
Spirovska MenkaПравна заштита е најдобра рамка за спас на Студенчишкото Блато, смета изготвувачот на интегрираната студија за заштита на останатиот дел на блатото, Спировска Менка. Таа појасни дека оваа можност ја дава Законот за заштита на природата, но исто така, таа укажа и на сите закани кои го демнат исчезнувањето на ова заначајно мочурливо подрачје.
Спировска смета дека кога ќе се реши правниот статус и кога тоа ќе се регулира со плански документи и со правна заштита, ќе се среди целата проблематика околу Студенчишкото Блато. Инаку, експертите во врска блатото тврдат дека тоа е природен феномен кој се протега на 40 хектари, на просторот од Билјанини Извори до некогашниот хотел „Парк“ и дека всушност тука е тајната подземна врска меѓу блатото и езерото, како и протокот на планктонот со кој се храни охридската пастрмка и другите видови риба.
За жал, повеќедецениското фрлање на цврст отпад ги покажа негативните резултати врз биодиверзитетот на брегот на езерото и стана причина за промена на мрестилиштето на рибите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top