О.У. „Христо Узунов“ наскоро ќе добие нов директор

Не е пробиен законскиот рок за избор на директор во Основното училиште „Христо Узунов“, уверуваат од Општина Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
ou Hristo Uzunov
оу Христо Узунов

ou Hristo UzunovДо редакцијата на ТВМ пристигна допис од загрижен родител, во кој тој прашува: Зошто уште се чека промена на стариот директор во охридското училиште Христо Узунов, кога законскиот рок е веќе одамна пробиен? Го запрашавме Серафим Наумовски од секторот за образование при Општина Охрид, кој објасни дека мандатот на назначениот В.Д директор сеуште трае.

„В.Д директорот има право да ја извршува функцијата во период од 6 месеци, нема никакво отстапување и мислиме дека изборот на директор во основното училиште ќе биде благовремено одржан и ќе ги запазиме сите рокови“ вели Наумовски.

Serafim NaumovskiНаумовски додава дека овие денови ќе биде дадена согласност да отпочне постапката за избор на директор во ОУ Христо Узунов. Во дописот исто така стои и наводната констатација дека : „Највисокиот орган на управување во едно училиште, училишниот одбор е во недостиг на неколку членови. Има неколку поранешни членови на кои им истекол нивниот мандат, а не се назначени нови членови.  Граѓанинот јавно отворено прашува: „Кој тоа го дозволува и на кого тоа му одговара? Дали е можно најголемото основно училиште во Охрид неколку месеци да функционира без највисокиот управен орган?“ Наумовски со став.

„По нашите сознанија Училишниот одбор си функционира нормално и нема никаков страв дали може полноправно да одлучува или не Училишниот одбор,“ објаснува Наумовски.

И Тодорка Станкоска, ве-де директорката на ова училиште, ги негира овие информации и кажа дека Училишниот одбор функционира непречено. Додава дека во него недостига само еден член, а не неколку и тоа претставник од Советот на родители, кој пак треба да биде избран наредната недела. Станкоска објасни дека нејзиниот мандат како ве-де директор истекува за два месеци и додаде дека многу побрзо оваа образовна установа ќе го добие својот директор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top