Ознака: 2011

kaneo

Промоција, промоција и само промоција

Post Views: 14 2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам. Врз оваа активност, ќе се заснова поголемиот дел од програмата на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот за 2011-та година. Посети на голем број однапред таргетирани саеми како и поинтензивни посети на странски туроператори и новинари кај нас, се она на кое во периодот кој е пред нас ќе работиме, вели директорот н агенцијата Зоран Стрезоски. Што се однесува до посетата на саемите, Стрезоски објаснува дека приоритет се саемите во земјите со кои се остварени чартер летови, како...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Градоначалникот Петрески ја оценува 2010 год

Post Views: 3 За годината на заминување, а на која и се бројат последните часови, градоначалникот Александар Петрески ја оценува како тешка и на економски и на политички план. Петрески истакнува дека  од секојдневните контакти со граѓаните видлива е сиромаштијата како никогаш досега. „Само што најавивме дека ќе делиме социјална помош, верувајте дека секојдневно на мојаат домашн врата и во општина доаѓаат луѓе кои бараат социјални пакети.Толку им е тешко што не се срамат и јавно да побараат социјална помош“.  Градоначалникот додава дека 2010 година ја одбележаа повеќе негативни настани....

Continue reading

sovetnici

Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Post Views: 0 Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони...

Continue reading

sednica na Sovet

Фалат иницијативи за нови програми

Post Views: 2 Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО...

Continue reading

saem

Македонските убавини ќе бидат претстaвени во Утрехт – Холандија

Post Views: 3 На самиот почеток од 2011-та, најдоброто од туристичката понуда од Македонија, ќе биде претставено на еден од најголемите саеми за туризам во Утрехт. Веќе извесен период, на агендата на Агенцијата е промоцијата на туристичката понуда на земјава на холандскиот туристички пазар. Така во јануари следната година, агенцијата ќе настапи како директен учесник на овој саем и, од 11 до 16 Јануари  пред присутните туроператори и новинари ќе ги презентира македонските туристички потенцијали, вели директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Зоран Стрезоски. „Од...

Continue reading

sednica

Закажана 28 седница на Совет

Post Views: 3 За 29 ти декември годинава, претседателот на Советот Душко Јаковчески, ја закажа 28 седница. Континуитетот на долгометражен дневен ред на седниците не изостана и овој пат, така што, советниците ги очекува напорна работа да одлчуваат по 39 точки. Меѓу точките, на дневен ред се: предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како и  триесеттина предлог одлуки за усвојување на програми на секторите во општина Охрид, за тоа каде ќе се трошат буџетските средства на градот. На дневен...

Continue reading

javna rasprava

Како ќе се трошат парите на охриѓани в година?

Post Views: 11 Јавна расправа за развојните програми на Општина Охрид за 2011 година. Денешната средба со граѓаните и претставниците на месните заедници, градоначалникот Александар Петрески ја оцени како општо корисна за сите. Според него, граѓаните имаат легитимни и скромни барања кои мора да се реализираат, а приоритет ќе се даде на најкритичните. Проектираната сума од околу 16 милиони евра за буџетот за 2011 година, Петрески ја гледа како реална и смета дека секој денар оди на вистинско место. За разлика од Петрески, советничката од редовите на ВМРО –ДПМНЕ Јованка Дамоска, смета...

Continue reading

saem

Охрид во јануари по четврти пат домаќин на туристички саем

Post Views: 3 Од 17-ти до 20-ти јануари  Охрид ќе биде по четврти пат домаќин на туристичкиот саем. Концепцијата на саемот овој пат е видоизмената. Се напушта класичниот начин на саемското организирање нагласува директорот на агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски.„ Интерактивната концепција има за цел да се воспостави комуникацијата меѓу туристичките работници, туроператорите и локалните самоуправи кои треба најодговорно да ја подобрат инфраструктурата во туристичките места“.-Зоран Стрезоски, директор на Aгенцијата за поддршка и развој на туризмот.                      ...

Continue reading

press Bogojavlenie

Браќата Лотевци нови кумови за „Водици 2011“

Post Views: 4 Познати кумовите за најголемата верска манифестација во земјаваа „Водици 2011“. Довербата на здруженето „Богојавление“ ја добија браќата Климе и Јован Лотески. Кумовите на манфестацијата презадоволни што од пристигнатите 6 апликации токму нивната била избрана и подржана. Сега слободнои може да се каже дека претстои  период на финални подготовки за големите верски празници „Водици“, „денот на Рибарите кои секоја година според календарот на МПЦ се прослалуваат на 19 и 20 јануари. {loadposition content9}

Continue reading

Докуметарец за прославата на Водици во Охрид

Post Views: 0 Не очекува премиера на документарниот филм за Водици, за кој како режисер се потпишува охриѓанецот Илија Пиперкоски. Овој млад режисер, кој веќе подолг период живее и твори во Романија, годинава изработи документарен филм посветен на големиот христијански празник, Богојавление – Водици и самиот чин на фрлање на светиот крст во водите на Охридското езеро. Филмот својата премиера ќе ја доживее на 24 декември оваа година во Охрид, 14-ти јануари 2011 во скопје, а после тоа како што вели Пиперкоски, филмот ќе почне да го шета него како режисер низ Европа, со цел оваа наша...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Локaлнaта го возвраќа ударот, трипати посилно

Post Views: 13 Ништо од повисокот ниво на комуникација помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ  – и градоначалникот на Охрид. И покрај неодамнешната посета на делегација од ВМРО-ДПМНЕ со цел подигање на нивото на комуникацијата, кога начелно бил договорен фер и коректен однос, се посилна станува вербалната војна помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ  – и градоначалникот на Охрид. На денешната пресконференција, Градоначалникот Александар Петрески потенцира дека за него приоритет е задволување на барањата на граѓаните. Петрески посочи дека предмет на интерес на инспекциите треба да биде работењњето на охридската...

Continue reading

Ohrid

Охрид нема да учествува во трката за манифестацијата „Град на култура“

Post Views: 8 Охрид одби да биде дел од трката за манифестацијата „Град на култура за 2011 година“. Калкулантство при изборот на градот, навреди и потценувања на останатите апликанти, како и политизација на самата манифестација се само дел од причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година, вели Советникот за култура при Општина Охрид, Митре Вељаноски. Ланската година ни со планиран буџет од околу осум милони денари распореден за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата “.Вељаноски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top