Охрид во јануари по четврти пат домаќин на туристички саем

Од 17-ти до 20-ти јануари  Охрид ќе биде по четврти пат домаќин на туристичкиот саем. Концепцијата на саемот овој пат е видоизмената.

 |  Валентина Неловска  | 
saem
саем

saemОд 17-ти до 20-ти јануари  Охрид ќе биде по четврти пат домаќин на туристичкиот саем. Концепцијата на саемот овој пат е видоизмената. Се напушта класичниот начин на саемското организирање нагласува директорот на агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски.
„ Интерактивната концепција има за цел да се воспостави комуникацијата меѓу туристичките работници, туроператорите и локалните самоуправи кои треба најодговорно да ја подобрат инфраструктурата во туристичките места“.-Зоран Стрезоски, директор на Aгенцијата за поддршка и развој на туризмот.                        
Странските  туроператори ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните македонски сцецијалитети и сортни вина, но и да учествуваат на манифестацијата Богојавление. Намерата е да се презентираат нашите потенцијали пред странските тур оператори, но истовремено да се чујат и потребите на странските гости. „Саемот излегува од традиционалното клише и добива интерактивна концепција со цел да се склучат што повеќе бизнис договори за да се носат што повеќе странски гости“, вели Стрезоски.
Во организацијата на саемот Охрид 2011 поканети се трите стопански комори за туризам, Атам и Хотам истакнува Стрезоски. На саемот пристигнале најави  за доаѓање  на туроператори од Дубаи, Русија, Германија, Туриција, Израел, и од соседството.
Како резултат на саемските манифестации во изминатите три години во летната сезона 2011 се очекува на охридскот крајбрежје да доаѓаат неделно со 3 чартер летови гости од Холандија, а дури со 11 чартер летови  од Москава се очекуваат руски туристи информира Стрезоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top